Апелациониот суд ја прифати жалбата на СЈО за притворот на Кочан

2148
1

– Апелациониот суд Скопје известува дека Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје на седница одржана на 6.6.2017 година, донесе решение КСЖ-245/17, при што постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, изјавена против решението на судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје I Скопје, во делот кој се однесува на мерката за обезбедување присуство на обвинетиот – определената гаранција, одлучи, истата да ја уважи и првостепеното решение, со кое е прифатена гаранцијата поднесена од одбраната на осомничениот С. К. од С., го укина и предметот во овој дел го врати на повторно постапување и одлучување на судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје I Скопје, стои во соопштението од скопска Апелација.

извор:мкдтимес