АРХИВА Ноќ кога стивнаа пастирските ѕвона: Мала Речица на сузите не им веруе

766
1

Пастиру, Артан вика не може ти да бидеш премиер, а не може ни другиот Никола Мистер Бин, го отерал Дитмир Бушати у мајчината, дека ни се мешал во криминалот, пардон, во внатрешните работи на Македонија, па Еди Рама не можел да го свари. Шо праиме сеа? Пастирот го гледа бледо, со телешки поглед и гракнува. Добро бе, јазикот им го дадовме, двојазично до балчак ни го свирнаа, буџетот го преполовивме за да кркаат и они мрсно, мандатот на СЈО ќе си го изгласаат барабар со Заев, Бате Саше екстра ги кешираше, а сега и друг пуемиеу бараат? Сега ли најдоа у пет до дванаесет племе им ибам..!

Пишувал Зоран ДИМИТРОВСКИ

Во белото, криминално изградено барокно чудовиште во Скопје, дувлото на пастирот и Фамилијата, познато како центар на злото на ВМРО-Обвинета, во раните вечерни часови во неделата се чувствува свечена атмосфера. Од дигиталниот видео екран, платен со опљачкани половина милион евра ечи Земјо Македонска. Кооој душман ќе влеееезе, жиив нема да излезе Македонијо, ти го стаааваш в грооб… Штапскиот центар за лаги и дезинформации го подготвува документарецот за Ќосето, да грмне вечерта на плоштадот „ВМРО“, кога фирерот ќе го објави своето враќање во Рајхсканцеларијата во белата античко-барокна шампита крај Вардар. Крв ќе се лее, ножеви ќе играат, соросписки глави ќе се тркалаат по улиците.

WAS IST LOS, HER ANTONIO?

Целата партиска свита, заедно со мафијашката братија и локалната партиско-бандитска булумента е на купче. Во романтичен занес, залегната во рококо-фотелја со позлатени „наслоњачи“ Гоца Екс Пендрек си ги влажни своите сништа, мечтаејќи за амбасадорско место во Белизе, каде што ќе може до бесвест да си ги врти љубовните комедии на Хју ГрантАх Зоки, Зоки, што ни требаше сето ова…

Миле Че, избезумен од среќа, целиот во кинеска математика, пресметува колку јуани ќе му вредат 25-те милиони евра провизиичка на пастирот, откако Доналд Трамп ќе воведе тарифи за увозот од Кина, а банките во Хонг Конг ќе ги намалат каматите. На вториот кат, во соба со поглед кон ништожната трошна куќичка каде што е сместен општинскиот штаб на предавничкиот СДСМ, др. Менгеле Тодорофф се токми за нова набавка на најмодерни тушеви во македонските конц-лагерашки болници. Да, да, ќе има регионален буџет за Али, си мрмори министерот за смрт, ама ќе има и нови 100 милиони евра за опремааа…

Ете го, по мразот се пробива и Хер Флик Антонио, кој со гестаповска решителност и железен тенор на премрзнатите микрофони им објаснува за што ќе решава всушност Фамилијата вечерта, ако воопшто и се овозможи за нешто да решава. Сака да го покани народот на општонародно славје, ама одненадеж на прозорецот се појавува фирерот. Го здогледува Хер Флик како им дава изјава на сороспиите и целиот избезумен довикува: Wasist losher AntonioWarum Sprechen Sie mit Banditen!?

Филип Ќосев Докурчев со кама стисната меѓу забите од која капе „соросписка крв“ ги ваби новинарите кои го дразнат со предавнички прашања за двојазичноста. Трајко Вељан Војвода, откако ја построил собраниската чета со печати да чека Рајхсфирерот да го пријави мафијашкото мнозинство во парталаментот, подмочувајќи од радост не додржува да потврди оти вечерта имаат ниет да прогласат уште еден гооолем пораз на Сорос, хиларистичките орди на злото и жолтите комбиња. Арно ама, во себе си пцуе. Ta qifshatezen ne kalamoq Ali(Да ти ебам тетката во пченка, Али!), ќе ми го земете претседателското столче во Собраниетоама ќе ви вратам!

Одненадеж, камерите на Фамилијарниот агитпроп на Сеат Ибица даваат широкоаголни инсерти од ѓаволската порта на злото на Каза дел фашо. Развеселен, со ококорени очи и насмевка од уши до уши, како да влегува во Кремљ, портата ја минува соборецот наВеликиот Путин и партнерот на неговата наци-болшевичка „Единаја Россија“, камарадотИван С. Првовенчани. Експресно му рапортира на фирерот:

Брате пастире, као што сте наредили, братски „Спутник“ је веќ лансирао вест од интерпланетарног значаја у светској медијској орбити да ќете вечерас прогласити Јануарску мафијашку диктатуру, оваај, владу са нашим поверљивим тајним агентомАлександром Антиќем – алијас Ахметијем. Врло добро ураѓено, брате Србине, му вели пастирот. Служимо Београду и Москви, оваај, и Доналду Трампу Величанственом,отпоздравува Иван.

Откако ја дознава веста дека вечерта ќе има банкет, Угро Титова Лева Совест алијас Лукашенко трча да го стокми костумот и црвената марама. По пат купува црвена роза и кине ливче по ливче – „Ај сега ливче нека снема – ќе ме стави за директор на Градскиот стадион, нема да ме стави, ќе ме стави, нема да ме стави… Абе, за штафета да му организирам на пастирот и онака трибините на Филип Втори никој не може да ги наполни“.

ПИШИ ИМ „MOS KE GAJLE

Свиткан како кифла од Жито Лукс, на телеграфот во подрумот, Влатко Анти-абортус Трампоман, прима честитки за големата победа на Фамилијата. Трча да го извести фирерот за најновата вест од Тирана. Драг пастиру, штотуку стигна проширена верзија на честитката од Демократската партија на Албанија за новата влада на која Вие и само Вие ќе бидете премиер, вели задишан. И што велат тие пробисвети на Сали, мајката нивна рекетарска, прашува пастирот. Велат оти ја испратиле честитката уште сабајлево, ама се уште не го примиле митото, пардон, донацијата за развој на добрососедските односи што им ја ветивме ако ни честитаат на формирањето влада предвреме, одговара Влатко. Пиши им „mos ke gajle“ (да не се грижат), Бате Саше ќе им плати со камата на Ќосевден, одвраќа челично пастирот и со раката во која држи токи-воки врска со Мала речица, ја тргнува венецијанската завеса од 18 век, залепувајќи се до џамот со суратот. Ауууу, абе кој им дозволи на овие сороспии да ме снимаат со камера! И кај е тој Али да се јави, да му ибам тоа спечалот удбашки!

Во тој миг во пастирската одаја влегува Илче ХалкидикиШефе, Унијата на млади фирерчиња е спремна за општонародно славје. Прво, разбира се, со народот, а после прашуваат, дали ќе им се придружите во базенот на осми спрат? Раус, го маршира пастирот. Јас газот на цела Фамилија го спасувам, он за клатикуриња ми зборува.

Стевчо Прва Шајкача од САО Карпош и Амди Бунда ветуваат по три автобуси за спонтаните славеници што вечерва ќе дојдат да ашикуваат. Полека бе, Амди, цела Шутка ќе ја донесеш тука, му дофрла пастирот. Како да ти кажуeм бе пастируама ај да не бидуeм безобразен, не ми зимај за озбилно, ама боље ја Шутка да ја донесам тука него… Се сеќаваш како ти пеееја оние „шарените“ – „Шутка не ти бега Николааааа!“ Пастирот вади една ластегарка и го мава по тимбата крвнички. Ај, ај, ај, кондурите ќе ти ги бацуем, немој жити мандат! Те преколнуем, Хорхе да ти цркне вечерва ако продужуеш да маваш

Во ходникот во приземјето на дувлото, гаулајтерот Цветинчо ја построил СоС дивизијата и му рапортира на Бате Саше. Хер Мијалков, преку нашите супремацистички кју-клукс врски во Вашингтон обезбедивме поддршка од Меланија дека доколку соросоидниот амбасадорБејли се обиде да влијае на одлуката во Мала Речица, веднаш да ја испратам СоС дивизијата да ја пали амбасадата на Кале… А со операцијата може да командува и Латас Војвода са Равне Горе, тој има лично искуство во тоа, рапортира гаулајтерот.Вољно, Кју Клукс Цветко, влада вечерва ќе има, милом или силом, го оладува Бате Саше.

FOL BE ARTAN, ДВОЈАЗИЧНО!

Веќе е 21.30… На лицата на Фамилијата полека исчезнува свеченото расположение. Сите го гледаат пастирот што ќе рече и молчат како исклучени од струја. Само Владо Дил Ориентид се дрзнува да го вознемири – Шефе, абе знам дека не е баш најпогоден момент, ама може ли еден сендвич да земам, два саата сум на диета. Видно растревожен, пастирот се дере колку што го држи гласот. Тоа е вечера за ГДОМ-овци, токмак низаеден ненајаден, вечерва спонтано треба да ги донесе Пандоу да славиме и соросписки глави да сечеме, ама ако си запнал, вади по едно саламче од секој сендвич, зашто бројани ни се, ама ќе им ги тутнеме некако, му намигнува шеретски.

По барокните скалила горопадно се симнува Тодорофф како да го исфрлила поплава. Се јавија од Мала Речица, шефе… Сите го гледаат зинати што ќе каже. Пастиру, Артан вика не може ти да бидеш премиер, а не може ни другиот Никола Мистер Бин, го отералДитмир Бушати у мајчината, дека ни се мешал во криминалот, пардон, во внатрешните работи на Македонија, па Еди Рама не можел да го свари. Шо праиме сеа?

Пастирот го гледа бледо, со телешки поглед и гракнува: Добро бе, јазикот им го дадовме, двојазично до балчак ни го свирнаа, буџетот го преполовивме за да кркаат и они мрсно, мандатот на СЈО ќе си го изгласаат барабар со Заев, Бате Саше екстра ги кешираше, а сега и друг пуемиеу бараат? Сега ли најдоа у пет до дванаесет племе им ибам..!

Додека вика, му приоѓа Дани „шишка“, се топи како маргарин на шпорет и тивко му дошепнува. Шефе, не мора да се тревожите ако учките не го сакаат Мистер Бин, еве, јас можам да бидам премиерка, мислам привремено, како Емилчо. Плавуша со секси усни! Баш ќе биде егзотично, нели?

Пастирот се обидува да го скурдепса бесот, крцка со забите, и со изнасилена насмевка го крева гласот. Ок, добуо, како што ми предложи Дани, пуемиеу нека биде Кирчо Каса Плати, ама ова им е последно, да знаат… Уствари, кажи им д-ре Менгелеев и Резолуција ќе донесеме дека Сорос и комунистите ги колеле шиптарите од времето на Маркс иЕнгелс па се до додека ние не дојдовме на власт. Оттогаш никој не ги коле, само ги проретчуваме одвреме навреме со калашњикови, како у Диво Насеље, ги испраќаме у Идризово и ноумално, ги пцуеме и ги викаме Индијанци.

Жагорот во Каза дел фашо замира. 22.10 часот е. Се уште нема абер од Мала Речица. Насекаде изморени лица и згасната надеж. Мажињата ги одврзале краватите и ги засукале ракавите од кошулите. Женките ги извадиле штиклите и шетаат боси по скапите персиски ќилими.

Во аголот, пред партиската икона од Украина со Пастирот и дванаесетте вмровски апостоли наведната се крсти и се моли Елизабета БожјаБоже, ти мандат и власт што даваш, сослушај ја мојава молитва вечерва, твојата загубена овца Али да си се врати во стадото на нашиот пастир. Амин!

Ја здогледува Бате Саше и и дофрла. Доста се молиш, мори богомолко, земи изми тоа шољите и стави по едно кафе!

22.45 е. Гробна тишина. Се слуша само како капе чешмата од етажниот тоалет. Кој беше последен во ве-це? Прашав кој беше последен во ве-це?, грмнува пастирот, а сите ги наведнале главите божем си гледаат во таквоото. Ако не кажете, ќе го сменам пола Извршен, се заканува пастирот. Јас бев шефе, се јавува Миле Че, ја затворив чешмата ама сепак пушта водатреба да се смени гумичката, додава.

Абе ајвани, 65 милиони евра фрливме за овој луксуз, пари од народот кои поштено ги здипливме, а ваму гумичката треба да се смени. Плочките на плоштадот „ВМРО“ двапати ги сменивме, канделабрите трипати, сега и чешми ли да менуваме, вика пастирот.

Конечно ѕвони црвениот телефон. 23.38 е. Др. Менгеле Тодорофф ја крева слушалката.Ало? Fol be Artanкажи ми двојазичноте молам, дека правиме влада? Молк! Сите оѕверени чекаат што ќе каже Тодорофф. Одеднаш др. Менгелеев зинува, почнува да се гуши, но додека му притрчаат да го потфатат ги превртува очите и паѓа како покосен. Шефе, овој ѓебериса, крикнува Миле. Аааааааа, викаат сите во хор. Пцоиса бе, не знам што му е, изгледа слушнал нешто лошо… Ја зема Миле брзо слушалката и прашува – Што одлучивте? Да не треба кинеската провизија да ви ја префрлам на сметка во Елбасан? Не, а? Ќути, ми олесна… Штооооооо? И Миле Че останува без глас. Се обидува да гукне, ама нем е. Гоца му подава лист хартија, А4 формат и црн фломастер и тој пишува со големи букви за сите да можат да прочитаат: АЛИ НИ ГО НАЧУКА!

ЈЕБО ТЕ СПУТНИК, ДА ТЕ ЈЕБО!

Молкот продолжува, но сите се во шок. Од надворешниот разглас се слушаат звуците на песната Болен ми лежи Миле Поп Јорданов. „Милеее Поп Јорданооов за народ загина, за народ загина, за Макеедоонија…“ Амди Бунда ја слуша и си ја потпевнува. Пастирот го гледа во очи и му иде да му го стегне кубурот, ама нема ни сила, ни волја за кавга.

Траорната атмосфера прва ја пробива Бети Бароко, обраќајќи му се на Иван С. Море,Првовенчани један, јебо те „Спутник“ да те јебо! Због ради чега се није остварило твоје обеќање? Нели сте написали дека ние ќе састављаме влада? Сакаш сега да ти удрам једну врло силну заушку? Веома сте нас излажали. Лажовчини едни низаедни! Лажете бре, како шабачки цигани!

Силванева Бони го здогледува пастирот блед како крпа и трча да му донесе шеќер и вода. Пастирот отпива од водата и прави гаргара. Ну, что делает, прашува реторички како царотНиколај Втори пред нападот на Зимскиот дворец. Мартинчо Протогебелс го теши. Ќе им свртиме шефе на Трамп и Путин… Ќе видат сега они, мамицата нивна учкина. Абе сега ни Косово ни Албанија ќе им се види. Сите у ендек. Од три држави и четвртинката во Македонија ќе ја изгубат. Не второ, трето полувреме ќе има!

Какво казваш Мартине, трето полувреме ли?, се огласува Антонио. Този артистичен филм не предава верно сабитијата от Втората Световна Воина. Блгарите биаха освободители и спасители на Евреите а не поробители на Македониа, а филма приказва савсем обратна прикаска.

Ти си обратен, му се фрла пастирот, не верувајќи што слуша. И се обраќа на Силванева.Дај, Силви, те молам, испрскај го со вода човеков, се вратил во бугарскиот филм од пред 15 години кога му се клањаше на Љубчо. Абе, Хер Флик, Антонио, свести се, десет години сме на линија со Београд и Москва, а не со Софија, да не ти исчадил мозокот!?

Антонио се сепнува. Тако је шефе, извини, флеш-бекови од минатото. Сега се сеќавам дека Сонцето од Вергина го веев на Олимп… А и код Бетке сам узимао часове по српски.

Во одајата влегуваат забревтани Тања Кара ГлувчицаМирка Партизанката и Миленко ДудинкаЈа слушнавме трагичната вест, шефе, ама, еве, сега идеме од кај Фикусот, пардон, откај Неговата Ништожност Хорхе Ајванов, и имаме план. Каков план,прашуваат сите. Тања му баеше на Хорхе за Уставот и сега он знае што да направи за Зајко никогаш да не може да направи влада, пелтечи Миленко. Е што де, прашува пастирот. Знаеш кога Зајко ќе добие мандат, победоносно кликнува Мирка.

Кад каже пичка куку, дофрла Бетка, која е горда што научила барем една српска поговорка.Престани мори, кукавице една, вчера на прозорецот цело време ми кукаше една птица среде зима, а јас се прашувам што ли е ова, каков знак е, мора да е лош. Што ако Зајко навистина собере 61 пратеник и во Собрание си изберат спикер, што ако и изгласаат недоверба на Владата на Емилчо… и што ако после си изберат и нов обвинител и судии,во очај прашува пастирот, престрашен од сценариото, ѕверејќи се во Амди Бунда.

Не ме гледај мене, шефе, ништо не сум ти зборуел, вика Амди, мислам не сум ја споменуел ич Шутка, жими бундава од тетка ми.

Пастиру, а да им објавиме војна на ЕУ и НАТО, мислам, барем со соопштение на Центарот за дезинформации, а?, досетливо дофрла Илчо Халкидики.

Ќути бе, дудук еден, што ако ги победуеме, го замолчува Амди!

извор:фокус