АРМ ќе биде дел од мултинационалната вежба „Saber Guardian 2017“

29

Армијата на Република Македонија со поддршка на Командата на копнените сили на САД за Европа ќе учествува на мултинационалната вежба „Saber Guardian 2017“ со осум припадници на инжинерскиот баталјон, 40 припадници на баталјонот на Воената полиција, 14 припадници на баталјонот за Специјални намени, како и девет припадници на Балканските медицински наменски сили, организација чиј дел е Македонија и чие седиште е сместено во Скопје.

Вежбата „Saber Guardian 2017“ се одржува од 23 јуни до 26 јули во Романија, Унгарија и Бугарија. Нашите припадници ќе бидат распоредени во Романија и Унгарија.

Вежбата која вклучува над 25.000 припадници на вооружените сили од над 20 земји на НАТО и земји-партнери е најголема во Црноморскиот регион годинава. Вежбата е организирана и предводена од Армијата на САД во Европа.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска присуствуваше на испраќањето на контингентот на АРМ во рамки на вежбата „Saber Guardian 2017“, која, како што рече, е одлична можност за вежбање на вооружените сили на земјите учеснички, вклучително и Македонија во смисла на зајакнување на подготвеноста, но и подобрување на интероперабилноста, капацитетот за соработка под заедничка команда, извршувајќи целосен спектар на воени мисии, а во насока на поддршка на безбедноста и стабилноста на Црноморскиот регион.

извор:телма

Loading...