Авиони на НАТО им го пресекоа патот на 3 руски …

Три руски воени авиони, два ловци МиГ-31 и еден Ан-26 беа следени од НАТО авион ловец Ф-18, додека летале над меѓународните територијални води над Балтичко Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Додека руските авиони летаа над неутрални територијални води над Балтичко Море, ловец на НАТО Ф-18 им се приближи на руските авиони и ги следеше на безбедна дистанца околу една минута. Подоцна го смени курсот и одлета во правец на воздушниот простор на една балтичка држава, соопшти руското Министерство за одбрана.

Додека НАТО соопшти дека шпански авиони и фински воени авиони пресретнале три руски авиони кои летале во близина на воздушниот простор над Естонија.

– Руските летала се идентификувани како два авиони МиГ-31 и еден транспортен авион Ан-26, се посочува во соопштението на Северноатлантската алијанса.

Loading...