Блокирани улици – Во Центар веќе е хаос, избегнувајте го денеска

862
1
Поради денешното одржување на Супер купот во Скопје воведен е посебен сообраќаен и пешачки режим.  Улиците во главниот град веќе се блокирани а стотици автомобили се заглавени во метежот со часови.
На потегот од крстосниците на улиците „Ленинова“ и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот – УЕФА.

За денеска зависно од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена и можноста од затворање за сообраќај и на булеварот „Илинден“ на потегот од објектот на Владата на РМ до крстосницата со улицата „Рузвелтова“.

извор: скопје24