Бојан Јовановски: Ќе посвојам три деца – Видео

2781

Донесов одлука, како самец, човек кој што не е во никаков брачен или партнерски однос да посвојам три деца кои што ќе бидат од различна вероисповест, христијанска и муслиманска, а третото дете сум сложен да биде со мали или умерени потешкотии во психофизичкиот развој односно дете со специјални потреби, рече претседателот на Меѓународниот сојуз, Бојан Јовановски на денешната конститутивна седница на Сојузот.

Јовановски исто така најави дека како претседател на Меѓународниот сојуз ќе поднесе лична иницијатива за промена на Законот за посвојување на деца.

-Од секогаш сум имал посебно чувство за децата кои се без родители, кои што се оставени. Воден од идејата дека некој се бори со години да создаде семејство, да има свое дете, а некој ги остава така децата од разно разни причини, рече Јовановски.

На конститутивната седница, Јовановски изрази огромно задоволство од средбата со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, каде што двајцата се сложиле дека конкретните дела се многу по важни од сите формалности, рече Претседателот на Меѓународниот сојуз, Бојан Јовановски, на денешната конститутивна седница на сојузот.

-Задоволен сум и сакам да истакнам дека со премиерот Зоран Заев се договоривме за директна соработка и директна поддршка од Владата на Република Македонија. Во овој момент сакам јавно да соопштам дека првиот меморандум за соработка, Меѓународниот сојуз ќе го има со Владата на Република Македонија, вели Јовановски.

Како што кажа тој, Меѓународниот сојуз мора да функционира од еден човечки аспект, аспект кој не смее да се заборави. Според Јовановски, Сојузот не смее да влезе во лавиринтот на форми, формалности и процедури, процедурите треба да се испочитуваат, но Сојузот не смее да биде роб на истите.

Претседателот Јовановски исто така напомена дека Сојузот ќе може да делува ад-хок во дадени моменти кога тоа е потребно, односно помош за луѓето кои имаат финансиски проблем за некакво лекување или елементарна непогода.

– Ние не сакаме да бидеме никаква паралелна институција или паралелно минстерство за труд и социјална политика. Го повикувам ресорното министерство за труд и социјална политика на еден сериозен ангажман и сериозна соработка со Меѓународниот сојуз поради тоа што на нас ни е потребно тоа, а потребно му е и на министерството поради тоа што праксата од минатите години покажува дека сите тие институции се многу троми и спори во своето делување и затоа делата не стигнуваат до луѓето каде што тоа е најмногу потребно, вели Јовановски.

извор:скопје24

Loading...