Богојески: Осум луѓе од најблиското опкружување на Груевски се заштитени сведоци на СЈО

1737
1

Во вечерашната Топ Тема на телевизија Телма, Петар Богојески, еден од членовите на иницијативата за реформи во ВМРО – ДПМНЕ, изјави дека осум функционери на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе од највисокото партиско раководство, всушност од најблиското опкружување на лидерот Никола Груевски се заштитени сведоци на СЈО.

Тој рече дека нема информации дали Груевски и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков го знаат тоа и порача тие повеќе да се плашат од потезите на луѓето од своето опкружување, отколку од „реформаторите“.