Боки 13 со навреди кон МПЦ: „Ѓаволот е кај вас“ (ВИДЕО)

3022

Боки 13 во дебата на ТВ 24 Вести жестоко го нападна отецот Ивица Тодоров и МПЦ во полемиката дали на хомосексуалците треба да им се дозволи да посвојуваат деца или не.

Боки 13 го провоцираше отецот Ивица со прашања од типот што би направил кога негово дете или на негов близок бил хомосексуалец, на што Тодоров одговори дека се хипотетички прашања и дека прво и основно се отвара прашањето на кој начин човек станува хомосексуалец, кои се причините. Тоа го разлути Боки 13.

„Ѓаволот е кај вас тогаш. Вие не сте оптеретени со религијата и со православието кое што го ширите, дека (бидејќи, н.з.) сте оптеретени со хомосексуалноста. Најголемите хомофобни ликови, тие се потенцијални хомосексуалци“, се само дел од навредите упатени од Боки 13 кон отец Ивица.

извор:курир

Loading...