БОРБА ЗА НАФТЕНИ ПОЛИЊА: САД започна со напади против Сириската војска која се обидува да ги ослободи сопствените рафинерии!

Последните акции на коалицијата на чело со САД во Сирија покажуваат дека целта на Вашингтон е завземање на имот кој и припаѓа на Сирија, соопштуваат од Министерството за одбрана на Русија.

„Инцидентот кој (ноќеска) се случи, уште еднаш покажува дека вистинската цел на незаконскиот претстој на американските сили на територија на Сирија, не е борба против меѓународната терористичка група ИСИС, туку завземање и држење под своја контрола на економските богатства кои и припаѓаат на Сирија“, се наведува во соопштението.

Тие соопштуваат дека сириските сили на самоодбраната извеле операција против „спијачки“ ќелии на терористичката група ИСИС во подрачјето на фабрикта за преработка на нафта „Исба“ во провинцијата Дејр ел Зор кога биле нападнати од авијацијата на коалицијата предводена од САД. Акцијата на просириските сили не била координирана со руската војска.

Се наведува дека во последните неколку дена во подрачјето на градовите Мазлум, Табија и Хшам во провинцијата Дејр ел Зор биле гранатирани позициите на сириската војска.

„Седми фебруари, соцел да се откријат и уништат банди, еден од одредите на ровладините сили на самоодбранта вршеше извидувачка дејност во правец на фабриката Исба (17 километри југоисточно од местото Салхијах). За време на вршење на задачата, припадниците на самоодбраната изненадно биле гранатирани од минофрлач и повеќецевни лансери, по што ги нападнале хеликоптери на меѓународната коалиција на чело со САД“ се наведува во соопштениет.

Нагласено е дека во таа прилика повредени се 25 припадници на провладините сили.

Американската коалиција претходно соопшти дека провладините сили извеле „неиспровоциран“ напад на штабот на Сириските демократски сили. Во соопштението се наведува дека потоа коалицијата, за да ја „одбие агресијата на партнерите кои учествувале во борбите против ИСИС“, извела контранапад. Во таа прилика убиени се најмалку 100 сириски војници.

извор:инфомакс.мк

Loading...