Брза 5-дневна диета со маслинки

99
1
Ако сакате на брз начин да загубите неколку килограми, пробајте ја диетата со маслинки. Оваа диета е многу популарна во Италија, а доколку сакате маслинки и маслиново масло нема да ви биде тешко да ја држите.

Диетата е прилично ригорозна и трае само 5 дена. За ова кусо време може да загубите до 5 килограми. Маслинките се многу здрави, богати со влакна, аминокиселини, калциум, цинк, фосфор, селен и железо, а содржат и витамини – B, C, E и R. Зелените маслинки во 100 грама содржат 145 калории, 3,8 грама јагленохидрати, 15,3 грама масти и протеини 1 грам.

На „празен стомак“ изедете 10 маслинки и земете лажица маслиново масло.

Појадокот и ручекот треба да се состојат од салата која е составена од свеж зеленчук и зачинета со маслиново масло. За вечера пак, само маслинки и зелена салата.

Што се однесува до пијалоците може да конзумирате само негазирана вода и зелен чај без шеќер и додатоци.

извор: макмода