Честојнова: Кумот на Рашкоски се прави газда по македонските институции

440

На неодговорноста и аздисаноста на СДС и нема крај. Овие неспособни луѓе од СДС почнаа да ја третираат државата и нејзиниот имот како своја приватна сопственост. Тоа е неприфатливо за едно демократско општество како Република Македонија. Непотизмот секогаш бил главна карактерна особина на СДС, но Драги Рашковски ги надмина сите непотистички потези на СДС, изјави Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа покажа документ  дека Владата, преку генерелниот секретар Драги Рашковски, го овластила адвокатот Дејан Костиќ, кој е кум на Драги Рашковски „да свикува управни и надзорни одбори, да оди по институции, да ги притиска, да се однесува некултурно, буквално да дивее по македонските институции, да навредува и омаловажува“.

„Значи кумот на Драги Рашкоски се прави газда по македонските институции. Срамно, недостоинствено и неодговорно. Само затоа што Рашковски му е кум. Па кај го има ова? Па кој е должен да го трпи ова самоволие? Што се замислуваат овие луѓе од владата? Ќе следува одговорност за секого кој покажува вакво самоволие! СДС сака да ги потчини институциите и целиот државен апарат под капата на неколку кланови во власта кои се блиски до кланот заеви, и тие потоа да одлучуваат што и како ќе се случува во Република Македонија, кој и какво право ќе има“, изјави Честојнова.

Според неа, викендов во десетици и десетици институции се врши буквален терор, самовластие, и се создава хаос.

„На диво, со сила, со уцени и навреди на крајно сомнителен и противправен начин се менуваат управни и надзорни одбори, се инсталира продолжеток на марионетската власт. Во неработни денови архивираат, без да ги запазат процедурите за известување и номинација, без да се почитува закон, без да се почитуваат рокови зададени со закон, шверцерски и недостојно се инсталираат врхушки блиски до кланот Заеви.           Создадоа димна завеса со законот за јазици, со незаконските одлуки на апелација која потклекна на притисокот, со штетниот договор со Бугарија и гледаме сега која била целта, на диво да влезат во институциите“, изјави преставничката на опозициската партија.

Според Честојнова, институциите не смеат да бидат под притисок на неколку луѓе од власта, државните службеници не треба да се тресат и да се плашат од луѓето на Заев и Рашковски. Република Македонија не е ничија приватна сопственост и СДС не смее да се однесува кон државата како кон колач кој ќе го поделат неколку фамилии од власта. Ова нема да трае долго. СДС нема да биде долго на власт, порача таа.

извор:А1он

Loading...