Четворица убиени во мафијашка престрелка

2039
1

Четири лица се убиени во јужна Италија во пресметка меѓу мафијашки банди.

Двајца од убиените се земјоделци , кои се ликвидирани зашто биле сведоци на престрелката . Едниот од убиените , Марио Лучиано Ромито полицијата го идентификуваше како шеф на криминална банда , а вториот е неговиот зет Матео ди Палма.

Нападот, во близина на железнички премин во село во областа Пуља , бил извршен додека жртвите се возеле со автомобил .

На нив од автомобил во движење пукале непознати лица. Потоа убијците ги застрелале двајцата земјоделци додека тие седеле во автомобил во непосредна близина.

Едниот од селаните загинал на самото место , а другиот биол пренесен во болница , каде починал.

Како што наведуваат италијанските медиуми , селаните биле браќа кои се нашле на погрешно место во погрешно време.

извор:канал5