Чоколадно суфле со едно јајце (без печење)

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр млеко
  • 100 гр масло
  • 8 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 пакетче прашок за печење
  • 8 коцки чоколадо

Подготовка:

  1. Со миксер се мати јајцето со шеќерот додека да се растопи. Потоа се намалува брзината и се додава ванилиниот шеќер, течните состојки и на крај сувите.
  2. Смесата се истура во 4 кафени шолјички. Се полнат до половина и одозгора на секое се втиснуваат по две коцки чоколадо.
  3. Во меѓувреме во тенџере ставете вода да зоврие. Во зовриената вода ставете ги шолјите. висината на водата во тенџерето треба да е малку помалку од половина од нивната висина, а јачината на ринглата умерена, да врие смирено. Откако ќе се стават шолјите се затвора со капак и се вари 15-20 минути.

Вашето вкусно суфле без печење е веќе готово и можете да го послужите. Наросете со косос, чоколадни трошки, портокал или било каков друг додаток по желба.

Loading...