vesti24.mk
ВЕСТИ

„Daisy Family Rescue“ најавувава постапка против в.д. директорката на стационарот Лајка Тина Петрушевска

ECA

„Daisy Family Rescue“ преку долг пост на Фејсбук ја објавува тортурата која ја доживува секојдневно ова здружение за заштита на животните од страна на в.д директорката на стацинарот Лајка Тина Петрушевска назначена од градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

Целиот пост интегрално прочитајте го во продолжение:

-Ова е еден од најдолгите постови некогаш напишани од нас. Ова е отворено писмо до сите наши следбеници, поддржувачи, останати македонски организации, Градот Скопје, Владата на Република Македонија и сите кои сакаат да дознаат со што точно се соочува Daisy Family Rescue во својата родна земја. Ова е долга но важна приказна, затоа ве замолуваме исчитајте ја до крај. Сите оние кои не следите подолг период знаете со што се соочивме зимата 2019/2020 и знаете за двете напуштени мајки со многу кутриња, сите родени на улица. Ќе се фокусираме на една од мајките, нејзиното име е Белка.
Како што правиме со секое едно бездомно куче кое ќе го најдеме на улица, истото го сторивме и со Белка. Тоа вклучува правење на фотографии, објавување и барање донации за неа и за нејзините бебиња, обидувајќи се да бидат безбедни се до нивно вдомување. Многу луѓе од населбата каде што таа се породи беа вклучени во помош на Белка и нејзините мали. Ние успеавме да вдомиме три од нејзините бебиња, а останатите беа вдомени од некој друг и на крајот остана уште Белка. На нашата прекрасна Белка и направивме прекрасни фотографии како што правиме за сите останати кучиња и се обидовме да и најдеме топол дом каде ќе биде безбедна и сакана. Животот на улица не е живот, многу улични кучиња се убиени, малтретирани и тепани од страна на несовесни граѓани. Имаат можеби убав живот на улица, додека не треба да одиме и да ги собираме со лопата.
Во истото тоа маало неколку месеци предходно, се случи огромен масакр кога 17 годишно дете ги избоде со нож и уби двете маалски кучиња, Гоца и Макс. Од тие причини сме против кучиња да шетаат на улица и нивниот живот да биде загрозен. Затоа бараме дом за нив, каде ќе бидат сигурни и безбедни а со тоа и го намалуваме бројот на уличните кучиња. Белка беше хранета од соседите, но не беше безбедна бидејќи сеуште беше надвор без сопственик и дом. Откако и најдовме прекрасен дом каде ќе биде сакана и безбедна, ја однесовме на ветеринар, кој постапи професионално и уредно ја прегледа со што утврди дека Белка нема чип. По што Белка беше чипирана од наша страна со што согласно закон Белка сега имаше законски сопственик кој има права и обврски кон нејзе.
Откако ја чипиравме Белка од тогаш почнаа нашите проблеми кои сеуште траат а потекнуваат од личност која извршува јавна функција и во соодејство на институции ни вршат силен притисок за што сметаме дека е спротивно на закон.
Тина Петрушевска од истото маало сметаше дека таа како личност и носител на јавна функција има екслузивно право над Белка, само бидејќи живее во иста населба каде што беше Белка. Тина Петрушевска е в.д. директор на сеуште неотворениот стационар Лајка (за професионалноста и етиката на Лајка ќе разговараме во друг пост) и со нејзиното однесување го руши угледот на Градот Скопје и како носител на јавна функција на јавно претпријатие Лајка.
Многу сме тажни што го користат тоа свето име за стационар и со досегашните постапки очигледно немаат намера ниту желба да го решат проблемот со бездомни животни во Скопје. Како и да е, тоа ќе биде објавено во друг пост.
Притисоците продолжија и врз човекот кој ја чуваше Белка во неговиот пансион и врз наш член кој беше пријавен во полиција, кој беше на разговор во станица поради поплака од Петрушевска. После сиот тој притисок и страв од користење на нејзиниот илегален пристап за да ни го земе НАШЕТО куче Белка, моравме да ја преместиме во друг пансион. Тогаш, в.д. директорката Тина Петрушевска реши да покрене приватна тужба против лицето кое има сопствен пансион за кучиња за куче на кое таа не е сопственик и истата по судски пат се обиде да издејствува да го земе, иако формално правно ниту е сопственик на кучето, ниту истата таа го сместила во тој пансион. Тука имаме само една мисла, адвокатот кој стои зад оваа тужба: ве замолуваме, давајте совети на вашите клиенти следствено законот и вашите студии како адвокат. Иако се работи за лице кое врши јавна функција судот донесе вистинска одлука, со тоа што не и дозволи на в.д. директорката Тина Петрушевска да врши неоправдан притисок врз љубителите на животни. Големо изненадување за в.д. директорката Тина Петрушевска, не толку големо изненадување за нас. Но зошто да сопре таму нели? Да си директор на стационар ти дава секакво право? Или не?
Иако в.д. директорката Тина Петрушевска пред надлежниот суд не доставила доказ за сопствеништво за Белка, и иако инспекторот од АХВ кој има извршено вонреден инспекциски надзор по пријавата од Тина, нема утврдено дека кучето е украдено или е нејзино и иако судската постапка била во тек, Тина за да изврши дополнителен притисок врз нашата членка ,ја пријавува Теона Георгиевска во полиција дека го земала кучето. Теона даде изјава и докази во полиција дека Белка била на улица во лоши услови и дека кога ја земавме таа немала чип, потоа била чипирана на наше име и дека сега е среќно вдомена во Германија.
Наместо в.д. директорката да е среќна што кучето е тргнато од улица и е на безбедно, истата води неосновани постапки против членови на здруженија.
По два дена, во толку очајнички обид да се наштети на кучето Белка, а да се покаже пред здруженијата кој е главен дадени се податоци спротивно на закон од страна на АХВ или оној кој ги поседувал со тоа што пратиле лице да отиде во куќата на вдомувачите на Белка во Германија, да ги испрашува. Оваа личност се претставил себе си (иако притоа не сакал да покаже никаков документ за идентификација) како вработен во германската амбасада во Скопје и Приштина и приложил документи и лични податоци од вдомувачите, кои се со закон заштитени и ги предупредил вдомувачите дека кучето треба да се врати бидејќи за истото има судски спор. За наша среќа, живееме во 2020 година и со помош на социјалните медиуми и камерите на улица, човекот беше идентификуван и пријавен во германската полиција, со неговото вистинско име, воедно и во седиштето на германските амбасади. Не можеме да сфатиме како оваа лажна личност дошла до тие документи?
Но тука в.д. директорката не застанува. Таа започна да ги вознемирува нашите вдомувачи на нивниот приватен телефонски број (повторно се прашуваме како дошла до нивните приватни информации). После овој инцидент, нашите вдомувачи и испратија предупредување дека ако уште еднаш се обиде да ги вознемирува повторно, ќе одат кај германските надлежни и ќе ја пријавата за вознемирување и кражба на приватни податоци и користење за приватни цели.German Criminal Code/, Section 238 – Stalking, Paragraph 1/Strafgesetzbuch– StGB,§ 238 – Stalking, Absatz 1. German Criminal Code/, Section 202a – Data espionage/ Strafgesetzbuch – StGB, §202a – Ausspähen von Daten.
И кога мислиме дека е готово, не е. Подоцна случајно дознаваме, без да бидеме предходно информирани ниту ние ниту вдомувачите, дека во македонскиот систем за регистрација на животни, стои забелешка на чипот на Белка, дека има забрана за менување на нејзиното сопствеништво, иако таква судска пресуда не постои. Сеуште чекаме одговор од Агенцијата за Храна и Ветеринарство (АХВ) по ова прашање, за што пративме претставка во петокот.
Ова е само скратена верзија од се што се случуваше. Ние Daisy Family Rescue најавуваме дека против в.д. директорката Тина Петрушевкса ќе покренеме постапка. Ги покануваме сите луѓе кои сакаат правдата да победи да ни се придружат.
Ние сме група пријатели кои го правиме ова 100% волонтерски, сите имаме професии со полно работно време, почнувајќи од програмери, инженери, наставници, менаџери, архитетки, артисти. Љубезно ја замолуваме в.д. директорката Тина Петрушевска да не остави на мира да ја вршиме нашата волонтерска работа, како и нашите сопствени професии и работи од каде заработуваме за да може да спасиме повеќе и повеќе кучиња. Исто така бараме од в.д. директорката кога веќе не го работи тоа за кое е платена,да си поднесе оставка.
Наш драг пријател рече, Белка претставува името на првото куче кое било пратено во вселената и безбедно се вратило на Земјата во 1960 година. Ако не беше доволно јасно до сега, ние би оделе до вселената и назад за нашите кучиња исто така. Сите наши кучиња, ЗАСЕКОГАШ. Нашата прекрасна Белка секогаш ќе има посебно место во нашите срца и исто така знаеме дека таа е и во срцата на нејзините вдомувачи, а за возврат сега живее како кралица. Те сакаме Белка бескрајно и сите наши други кучиња!, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Ова е еден од најдолгите постови некогаш напишани од нас. Ова е отворено писмо до сите наши следбеници, поддржувачи,…

Posted by Daisy Family Rescue on Wednesday, August 26, 2020

извор:курир.мк

Loading...

Related posts