Детали за убиството во Кочани: Жртвите најверојатно биле во љубовна врска

1789
1

Две безживотни тела вчера биле пронајдени во приземје од куќа во Кочани. Телата ги пронашол С.М, (28) потстанар во куќата.

Според првичните информации се работи за машко и женско лице кои се пронајдени мртви. Се работи за машко лице со иницијали С.Г. 42- годишен од Скопје и женско лице со иницијали Ј.П., 25- годишна од Пробиштип, која исто така бил апотстанар во куќата.

Двете тела се најдени во лежечка состојба со прострелни рани во главата. Истрагата е во тек, а телата се предадени на обдукција.

-Според првичните сознанија и кажувањата на соседите се работи за љубовна врска мегу починатите, пренесува Пресс 24.