Девет сообраќајки во Скопје, потешко повредени пешак и мотоциклист

71
1

Девет сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје, од кои во две со потешки повреди се здобиле пешак и возач на мотоцикл, во три полесно повредени се три лица, а кај четири предизвикана е материјална штета.

Како што информираат од СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирала поголем број прекршоци меѓу кои: 32 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 14 ги управувале возилата без возачка дозвола, односно нерегистрирани, 10 за време на управување на возилата, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 53 возила биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и 17 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило Пајак, отстранети биле 70 возила.

извор:А1он