Димитров: Постигигнат компромис за договорот за добрососедство со Бугарија

658

Постигнавме база за компромис околу договорот за пријателство. Следниот чекор е информирање на владите на двете земји и други потребни внатрешни консултации, изјави за Телма министерот за надворешни Никола Димитров по дводневната средба со неговата бугарска колешка Захариева во Софија каде се финализираа и последните детали од договорот за добрососедство.

Захариева, пред почетокот на средбата го поздрави ваквиот чекор на македонските власти посочувајќи дека тоа е за доброто на двете држави.

Откако бугарската опозиција го прогласи договорот за штетен и антибугарски, премиерот Бојко Борисов во писмен одговор на претседателката на опозициската Бугарска социјалистичка партија, Корнелија Нинова вели дека во интерес на Бугарија е Република Македонија да биде стабилна, единствена, независна држава со јасна евроатлантска перспектива, која поминува низ зближувањето на двете земји и откажувањето од антибугарската реторика, која се случуваше последните неколку децении.

Борисов ја потсетува Нинова дека предлог-договорот, на иницијатива на владата, бил претставен и детално објаснет на седница на Комисијата за надворешна политика на Народното собраниеуште на 5 јули поради финализирање на конечниот текст на договорот.

Тој во писмото посочува дека преговорите со Македонија за склучување на договорот за добрососедство се водат интензивно од 2008 година, и оти до овој момент се реализирани 11 круга на преговори на експертско ниво, а договорот повеќе пати бил разгледуван и на ниво на министри за надворешни работи, односно премиери.

Борисов вели дека целта на договорот освен реафирмација на Заедничката декларација потпишана во 1999 година, е двете земји да ги унапредат своите односи и да го потврдат својот политички ангажман во меѓународноправен документ.

Инаку, договорот за добрососедство треба да биде потпишан на 2 август во Македонија, кога е и форумот на НАТО во Црна Гора на кој треба да присуствува и Македонска делегација.

извор:либертас

Loading...