Димитров: Жалам за изјавата на Дачиќ, во регионот растеме и паѓаме заедно

556

Министерот за надворешни работи Никола Димитров реагираше на изјавата на српскиот министер Ивица Дачиќ. Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение:

Жалам за денешната изјава на министерот Дачиќ.

Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија и споделуваме толку многу нешта.

Убеден сум дека двата пријателски народа преферираат да имаме односи базирани на заемна почит, разбирање и европски дух.

Тоа е добро не само за Македонија и за Србија, туку и за целиот регион. Да не заборавиме, во регионот растеме и паѓаме заедно.

извор:либертас

Loading...