Дизелот поскапува за половина денар

163
1

Цената на бензините останува иста, а дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03, односно 0,59 отсто.

Новата малопродажна цена на на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 35,5 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат исти, односно 60,5 и 62,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,048 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 24,187 денари за килограм.

Како причина за промената на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,71 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,13 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

извор:либертас