Дневен хороскоп (02.08.2017)

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе ви се намали способноста за работа. Токму поради тоа немојте да преземате никакви активности кои се многу важни и да донесувате одлуки.

Бик (21.04 – 21.05)

Поволен ден во секој поглед. Имате многу обврски кои не ви се допаѓаат па се трудите на секој можен начин да ги избегнете

Близнаци (22.05 – 22.06)

Препорачливо е да избегнувате расправии со партнерот, врската може да биде доведена во сериозна криза. Уште само тоа ви треба. И онака имате многу проблеми, па тешко се снаоѓате.

Рак (22.06 – 22.07)

Незадоволството е последица на конфликтот помеѓу должноста и интересирањата. Околината постојано ќе ви наметнува нови обврски. Малку време ќе си посветите себеси.

Лав (23.07 – 22.08)

Денес е одличен ден за средби и патување. Ве очекува и интересна средба со партнерот кој денес ќе разбуди многу убави чувства кај вас.

Девица (23.08 – 22.09)

Ситничари сте и го нервирате партнерот. Доколку сакате односите да бидат како што треба, поведете сметка за сопствените слабости. Не започнувајте нови врски и отворете четири очи кога склучувате договори. Бидете внимателни во сите сегменти.

Вага (23.09 – 22.10)

Се прашувате зошто само вам ви се случуваат непријатни работи? Причината лежи во напнатоста и наклонетоста кон мрачни мисли. Постојано привлекувате неволји, полни сте со негативна енергија. Морате да почнете да гледате оптимистички на животот

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Насочени сте кон работата, која ја извршувате до перфекција. Недоразбирањата со спротивниот пол полека исчезнуваат. Имате шанса да ја обновите старата врска или да најдете заеднички јазик со партнерот. Претчувствувате позитивен исход од случувањата, бидете толерантни.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се остваруваат нови професионални можности. Прифатете ги, ви нудат одлична заработувачка. Немојте да се колебате, истата шанса подоцна нема да се повтори. Ќе имате време и за задоволство, а недоразбирањата со околината се последица на невнимателноста.

Јарец (22.12 – 20.01)

Успехот во финансиските трансакции е последица на поволните планетарни влијанија. Искористете ги на најдобар можен начин. Од вас многу се очекува, а се поставува прашањето колку сте подготвени да дадете. Потрудете се да ја шокирате околината со своите квалитети.

Водолија (21.01 – 19.02)

Одличен ден за патувања. Ве очекува и интересна средба. Конечно воспоставување хармонија во домот. Направете си сами празник дома

Риби (20.02 – 20.03)

Се ви изгледа едноставно. Планирате, сонувате, идеализирате, а не сте свесни во што се впуштате. Соработниците ни оддалеку не се какви што мислите, размислете добро пред да почнете да соработувате со нив.

Loading...