Дневен хороскоп (08.02.2018) Четврток

Овен (21.03 – 20.04)

Поволен ден за оние кои сакаат да се впуштат во нов бизнис или кои се подготвени да планираат нови проекти.Ќе имате можност ладнокрвно и сталожено без прекумерни амбиции да елаборирате со некој во врска со концептот на работење во доменот на трговијата.

Бик (21.04 – 21.05)

Месечината е во вашиот знак и ви носи добро расположение и подготвеност за компромис.Во разговор се впуштате само со оние од кои очекувате да ви излезат во пресрет.Ако тоа не се случи, вие веќе имате резервен план.Моќна е средба со Девица,Рак,Јарец или Шкорпија.Размената на идеи ќе ви донесе многу интересни информации за кои не сте размислувале до сега.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Положбата на месечината во Бик ја зајакнува вашата интуиција и ве прави силен да се впуштите во нов проект, но само ако имате поддржка од Јарец,Бик,Рак и Девица.Имате голема потреба од сигурност.Некој друг Близнак може да ви најде излез од моменталната ситуација која ви се чини дека прилично напорна, како за вашиот нервен систем, така и за здравјето.Треба да се посветите повеќе на вас и реализација на вашите желби.Не се нервирајте без потребно.

Рак (22.06 – 22.07)

Денешниот ден ви носи некои нови средби и контакти со оние кои отсекогаш ве поддржувале.Не сакате да правите компромис со оние кои не ви одговараат по многу работи, особено по нивните размислувања, во начинот на распределба на добивката во заедничката работа.Не сакате да им се приближите на оние кои се задолжени да ве критикуваат без причина.Сепак, према многумина сте и повеќе од фер.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе добиете покана да се сретнете со некој кој што некогаш ви ветил нешто.Можно е да се работи за особа која е по ранг над вас и која е спремна да ви помогне, особено ако се работи за вашиот професионален план или во некоја заедничка работа во која сте спремни да вложите пари и енергија.Немојте да се истакнувате на работа за вашите досегашни заслуги бидејки тоа може да биде контрапродуктивно.

Девица (23.08 – 22.09)

Верувате во нечија добронамерност дури и ако до сега не се покажал, барем не према многумина.Вие сте уверени дека со вашето однесување можете да позитивно да влијаете со лицето кое треба да разговарате, особено за некој која сака да се покаже на работа.Креативните идеи кои ги имате можат да бидат прифатени од вашите колеги ако не отстапувате многу од досегашниот стил на работа.

Вага (23.09 – 22.10)

Некој сака да ви покаже дека не сте во право за некои важни прашања во врска со вашата работа во која прилично голема мерка сте се залагале да се одвива без проблеми.Некој Бик или Рак нешто ви замеруваат, а вие не сте на чисто за што може да биде, а и ако претпоставувате, не сакате за тоа да се расправате со никој.Добро се сложувате со оние кои ги разбираат вашите амбиции и ве поддржуваат во тоа.

 Шкорпија (23.10 – 21.11)

На некој му е важно да ве има за соработник и ќе биде спремен се да направи за да воспостави со вас добра комуникација.Можно е Јарец,Рак или Бик да ве уверуваат дека треба да ги прифатите советите кои ви ги даваат. Имате можност максимално да се ангажирате на работа и кое би можеле да бидете добро платени.Не влагајте во бизнис со непознати и дури и нивните идеи да изгледаат одлично.Ќе примите повик од Бик,Рак или Риба.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Верувате во можноста за добар резултат на работата која сте ја започнале со некој во кој немате некоја голема доверба, но сепак сте спремни да се вклучите во нова работа со извесна доза на ризик.Претпоставувате дека се ќе се одвива како што треба во наредните неколку денови и ќе дознаете за што точно станува збор.Не сметајте на ничија гаранција во врска со плаќањата.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ова може да биде сосема солиден ден за оние кои се обидуваат да решат важни проблеми на мирен начин.Нема да отстапите од вашиот став, но сепак некој може да ве убеди во она што го сакате.Немојте премногу да се потпирате на мислењето на другите, допуштете да ве води вашата интуиција и дадете му шанса на некој кој на некој начин ве навредил, ќе покаже добра воља за подобрување на односите.

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашите очекувања од Бик,Рак или Девица се нереални бидејки најверојатно сте направиле нешто што ги повредило.Ако сега ви се даде прилика да го исправите впечатокот, направете го на начин на кој нема да бидете нападни.Препуштете другите да судат за вас, бидејки ако сами се фалите ќе има обратен ефект.

Риби (20.02 – 20.03)

На некој му е многу битно да ви излезе во пресрет во врска со вашата работа која најверојатно би ја извршувале негде на пат.Можно е да се работи за работа која би била многу вносна, но вие не сте од доверба за другите, особено кога е во прашање финансиската страна.Некој сака да ви даде до знаење дека може да смета на вас, особено личност која шесто патува во странство.

Loading...