Дневен хороскоп 12.07.2017

54

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Емоционалната сигурност и довербата во партнерот сега ви е најпотребна. Ако ви недостига тоа, ќе посегнете по љубовна освета. Ќе го збуните партнерот со своите несовесни или ладни реакции кои тој нема да знае објективно да си ги објасни.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Интензитетот на настаните ќе ја намали вашата посветеност и концентрација, што се однесува до изразувањето на нежност и приврзаноста со партнерот. Ќе се чувствувате уморни, а токму сега ви е најпотребен одмор. Овозможете им на блиските особи поголема слобода и време, што ќе си ги посветат на себе си.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Создадете си концепт за работа. Колку повеќе лични работи решите, толку подобар резултат ќе добиете. Не почнувајте ништо за да му угодите на некој, слушајте ги вашите желби, ова е поволен ден за вас.Вашата финансиска состојба ќе се подобри.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во текот на целиот ден внимавајте на личните документи, средствата кои секојдневно ги користите во својата работа, и запишувајте што се треба да сработите во зададениот рок. На тој начин ќе ги спречи проблемите кои можат да произлезат како резултат на заборавеност или растеретеност. Вечерва ви е совршена за дружење.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можеби нема се да ви оди како што сте замислиле, но не ги губете нервите поради тоа. Единствено со прибраноста ќе успеете да најдете излез од навидум безизлезните ситуации. Ќе ви годи прошетка во природа, вечерна прошетка со пријателите или добро организирана домашна забава.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Би можело да се најдете во ситуација која ќе “мириса” на лага или неверство. Вашето искуство драматично ќе се промени доколку на спротивната страна отворено и признаете што точно имате на ум. Она што ви се чини дека е безизлезно, ќе стане минато, а заблудата ќе биде отстранета.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Нагласена е важноста на комуникацијата, кратките патувања, како и вашите моќи за набљудување, кои денес ќе бидат на високо ниво. Тоа ќе ви помогне во остварувањето на амбициите и координирање со другите и нивните потреби. За разубавување на вечерта изберете добро друштво.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете енергични, претприемачки и пргави. Денот е поволен за извршување на задачи за кои е потребна физичка подготвеност. На љубовен план ќе бидете многу страствени за постигнување на своите желби. Дури и вашиот партнер ќе ви признае дека нема многу избор кога ќе почнете да ја наметнувате својата волја.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во зголемување на месечните примања или бизнис продуктивноста ќе ви помогне разгранетата мрежа на пријатели кои ќе се најдат во право време на право место и ќе ви ги пласираат потребните информација или услуги. Некому денес ќе му биде потребен вашиот совет или рамо за плачење.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Со леснотија ќе се справите во морето од информации и податоци кои треба да ги средите. Постои можност да работите на проект кој ќе вклучува поголем број на луѓе, а тимската работа ќе придонесе за квалитетот на вашиот производ и презентација. Привлекувате внимание со својот изглед.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денешната работа ќе бара од вас флексибилност, подготвеност да прифатите поголема одговорност и некои промени врз кои што ќе имате влијание и контрола. Ќе бидете активни. Ќе посакате наеднаш да ги решите и завршите повеќето работни задачи.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Кога ги договарате работите, однапред утврдете ја цената. Во спротивно, ќе ви се случи да ја завршите работата, да ја испорачате, а дури отпосле ќе сфатите дека цената која ја нуди клиентот за вашата работа е целосно неприфатлива. На љубовен план станувате се поромантични и заљубени.

Loading...