Дневен хороскоп (12.08.2017) Сабота

1854
1

Овен (21.03 – 20.04)

Доколку за нешто долго време се трудите да го добиете, викендов време е да се опуштите од тоа, бидејќи конечно дојде време вашите желби да се остварат. Поради тоа, прославете со пратнерот и посветете му повеќе време. Покажете ја романтиката во вас.

Бик (21.04 – 21.05)
Наместо да бидете слабаци, ризикувајте па и доколку не го добиете тоа што го посакувате, не е крајот на светот. Имајте малку повеќе храброст. Учете на грешките од минатото, но не само на своите туку и на туѓите. Внимавајт на здравјето, можни се болки во главата.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Поради добро заштедените пари минатиот месец, викендов можете да се почестите со добар шопинг кој ќе го поднови вашиот гардеробер. Исто така, после вредно извршените работни обврски, време е за луда забава со пријателите, на која ќе ве очекуваат бројни изненадувања.

Рак (22.06 – 22.07)

Не оптеретувајте се премногу со коментарите кои ќе ги слушнете за вас. Мислете позитивно и работите ќе си дојдат повторно на свое место. Она за што треба да се грижите е вашето здравје. Во последно време внесувате многу калорична храна, па тоа почна да се одразува и на вашето здравје.

Лав (23.07 – 22.08)
Се чувствува некоја романтика во воздухот… ова се вашите денови, дефинитивно! Викендов искористете го за некое кратко патување со партнерот, далеку од сите, во некое од идиличните места во нашата земја. Доколку не сте во врска, ќе имате можност повторно да бидете со поранешниот партнер, но добро размислете дали го сакате тоа.

Девица (23.08 – 22.09)

Можеби во последно време бевте премногу зафатени, па немавте време за семејството и за пријателите, но време е да се посветите малку и на нив. Викендов искористете го за тотална релаксација и изгледајте добар филм со вашите најблиски. На вашето милениче, исто така му недостигате. Поминете некое време и со него.

Вага (23.09 – 22.10)
Шопингот, сепак оставете го за наредна недела. Месецов неконтролирано ги трошевте парите на секакви ситници, па ако продолжите така, вашата финансиска состојба ќе го достигне дното. Наместо тоа, овој викенд искористете го за една долга прошетка во природа.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Забава, флерт, романтика… Ова се работите кои ќе ви се случуваат викендов. За време на вечерите никако не останувајте дома. Излезете и забавувајте се, ве очекуваат незаборавни моменти со вашите пријатели, а и со една нова личност.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Не очајувајте, туку фокусирајте се на она што се случува сега. Ако вашиот поранешен партнер продолжил со животот, тоа треба да го направите и вие. Ослободете се од сѐ што ве потсетува на него почнете да размислувате за нова врска.

Јарец (22.12 – 20.01)
Понудата за кафе од личноста на која ѝ се допаѓате нема да трае засекогаш. Наместо да се досадувате дома, викендов јавете ѝ се и договорете ја средбата. Со сигурност ќе се забавувате, а кој знае, можеби и нема да остане само на еден состанок.

Водолија (21.01 – 19.02)
Викендов потрудете се да го искористите рационално. Правете го она шти ви причинува задоволство. Можеби масажа или некој третман во салон за убавина добро ќе ви дојде. Обидете се да ја зацврсите врската со партнерот.

Риби (20.02 – 20.03)
Она што ќе ви дојде добро е враќањето на некој пријател кој живее во странство. Викендот посветете му го нему. Прошетајте го низ убавини во Македонија. Ќе се чувствувате толку убаво и ќе бидете толку опуштени, што секој ќе сака да биде во ваше присуство. Здравјето е добро.