Дневен хороскоп (13.01.2018) Сабота

Овен (21.03 – 20.04)

Затворени сте во односот со соработниците. Паричната ситуација не се поправа и поради тоа го покажувате своето незадоволство. Поседувате голема доза на издржливост и трпеливост, особено во односот со партнерот. Можна е главоболка.

Бик (21.04 – 21.05)

Не сакате да ги менувате своите принципи, поради што можете да имате тешкотии. Тешко ви паѓа секаков облик на прилагодување кон нешто што не ви е по желба, па дури и тоа да е додворување на лице со кое долго време си се допаѓате. Посветете им се повеќе на своите потреби.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Очекувате помирување со лицето со кое долго време не сте комуницирале. Од нешто сте многу незадоволни и постојано во страв да не го загубите лицето кое ви е многу важно. Бидете реални во проценувањето на своите лични цели и потребни. Ќе бидете нерасположени.

Рак (22.06 – 22.07)

Малку сте разочарани бидејќи забележувате дека вашите таленти не можат да дојдат до израз. Би можеле да имате љубовни проблеми, но ако сте сами, напротив, можете да сретнете некој кој ќе ви значи многу. Консумирајте повеќе варена храна.

Лав (23.07 – 22.08)

Финансиската ситуација ќе ви биде оптеретена со мали загуби. Поведете сметка за трошењето на парите и сведете го на минимум. Имате големо влијание на оние со кои работите. Некого го одушевува вашата сериозност. Задравствената ситуација ви е подобра.

Девица (23.08 – 22.09)

Поседувате голема сила и издржливост да работите повеќе нешта паралелно. Имате добар тим на соработници. Можна е љубовна средба со енергична, но сензибилна личност. Незадоволни сте од себе и тоа се одразува на вашиот изглед.

Вага (23.09 – 22.10)

Некој ќе ви понуди деловна соработка, но вие повеќе сакате сами да тргнете во некоја самостојна работа која би можела да ви донесе доста високи приходи. Можете да бидете соочени со некој вид на непријатност. Одморот ви е неопходен.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не донесувајте лесно одлуки во врска со новите работи. Ќе бидете подготвени за ризици. Со лицето кое ви се допаѓа можете да дојдете до судар бидејќи секој од вас на прво место ги става личните амбиции. Здрвјето ви е малку подобро.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе ви се овозможи прилика да уживате во љубовта. Топлината со која зрачите и животната радост ја пренесувате на другите. Ако сте во брак, избегнувајте ги обврските колку што е можно повеќе или едноставно поедноставете ги. Не размислувате доволно за вашето здравје.

Јарец (22.12 – 20.01)

Некој упорно се обидува да влијае на вашите одлуки. Потребна ви е поголема самостојност и самодоверба. Ако сте слободни, очекувајте интересна средба а доколку сте во брак, најголемата енергија посветете му ја на семејството и децата. Внесувајте повеќе витамини.

Водолија (21.01 – 19.02)

Немојте премногу да го анализирате тоа што некој ви го кажал. Премногу сте самокритични. Кон партнерот сте повеќе од лојални, успевате да го расположите и во секој поглед да бидете негова поддршка. Недостаток на волја и позитивност.

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекуваат многу позитивни случувања. Интуицијата ви е одлична и ќе донесете добри и перспективни одлуки. Во љубовта можете да очекувате пријатни изненадувања, особено од лицето кое го познавате на работа. Претерано сте оптеретени со физичкиот изглед.

Loading...