Дневен хороскоп (14.08.2017) Понеделник

2002
1

Овен (21.03 – 20.04)
Ако го имате мирот и спокојството во обраќањето и комуникацијата или побарувањата од личности кои се на некакво пониско ниво од вашето во смисла на образование, материјална или социјална положба, статус, интелектуален потенцијал и ресурси, истите можат во многу да ве поддржат посебно ако се и субординирани кон вас или на некој начин зависат од вас. Во прашање можат да бидат сериозни муабети за сериозни нешта и од вашата смиреност и пристап зависи и нивниот однос кон вас. Задржете го мирот, спокојството, дајте им признание за нивните залагања и заслуги, па ќе ја имате сета нивна поддршка.

Бик (21.04 – 21.05)
Мислам дека аспектот кој го разгледувам денес, кај вас може да предизвика мир и спокој и поради нерационалноста на одредени личности, кои во друго време и простор би предизвикале најмалку негодување. Но ова е од причина што имате многу вистински силни чувства кон личности за кои зборувам. На пример, децата и некои нивни навистина ирационални постапки и однесувања на кои ќе останете мирни, иако истото кај другите би ве нервирало и би се побуниле. Ова се однесува и на љубовните чувства кон некого, но внимавајте за последниве да не изнаоѓате и вие некакви ирационални романтични објаснувања за нивното однесување и постапки.

Близнаци (22.05 – 21.06)
Денес и во следните неколку дена можни се здравствени подобрувања на вашето здравје, но тоа може да е и здравјето на постара личност, можеби и едниот родител. Убаво би било да си го поедноставите животот и да не ги комплицирате работите по ваш обичај. Убаво би било за промена трпеливо, во неограничен мир и спокој да ислушате некоја постара личност, иако ви се чини дека целата приказна однапред ја знаете. Во ислушувањето нема да успеете доколку немате чувства и почит кон личноста која и не мора да ви е роднина или родител. Можеби некакви нови почетоци во смисла на обврски, задолженија или пак ќе се обидете со некаков нов начин на исхрана.

Рак (22.06 – 22.07)
Комуникациите со деца, со личности кои ги сакате и имате чувство кон нив ќе бидат најизразени нешта во следните два-три дена, но и забавата, прославите, некакви собирања на роднини по весели поводи. Во секој случај, аспектите говорат за мир, спокојство, убави, креативни дружења, многу радост и среќа. Ова се однесува и на сите односи во кои манифестирате чувства со личности од спротивниот пол, а можни се и нови запознавања, средби, обновувања на познанства. Ќе имате среќа или погодности и со парите.

Лав (23.07 – 22.08)
Најголемиот дел од вашето внимание ќе го посветите на односи со блиски личности од првиот круг на роднини, значи родител, брат, сестра, но и личности на кои сте им допуштиле да се чувствуваат така блиски или вие ги чувствувате за блиски, но и оние со кои морате да сте блиски, со комшии да речам или пак со колеги на работа, и тоа поради просторни ограничености или условености. Во секој случај убави се аспектите во следните неколку дена, кои пак даваат за право дека ќе имате многу полезни разговори, контакти, информации кои можете да ги употребите, можеби куси патувања по сериозни потреби и работи.

Девица (23.08 – 22.09)
Сонцето денес има убав аспект со Сатурн што претпоставува убави и спокојни одвивања на работите врзани за пари, финансии, но и односи со постари личности, ако не постари авторитетни, а најпрво се мисли на родител, но и на некои други личности од тој калибар со кои започнувате или имате намера да започнете нешто ново, почеток е на некаков однос, можеби и најчесто деловен. Ова е аспект на постапно напредување секако ако има ангажман и напори во тој правец во изминатиот период, убави и содржајни муабети со родител, што може да значат и некаква пресвртница во вашиот живот, барем на финансиски план.

Вага (23.09 – 22.10)
Можеби денес, утре или во текот на викендот ќе се отворат некакви разговори по повод некакви наследства, но ова најпрвин може да биде разговор со родител, и тоа прилично конспиративен, преубав да би бил вистински, со многу убави желби, намери и посакувања и од едната и од другата страна. И навистина се може да биде прекрасно, но само на зборови, и ова секако треба да го имате на ум, бидејќи патот на идејата до нејзиното остварување, за ваквите нешта е прилично долг и полн со пресврти кои можеби и нема да ви се допаднат. Во секој случај вниманието ќе ви биде насочено и кон некакви потреби или случувања со постара личност, нејзината финансиска ситуација, помош која ја бара од вас на некој начин и слично.

Cкорпија (23.10 – 21.11)
Сатурн е во вашиот знак и оттука делува прилично сериозно, ви дава на тежина, а односот со Сонцето покажува дека ќе бидете насочени кон некакви општествени односно социјални случувања кои ве засегаат можеби како реализација или остварувања на некакви посакувања, желби, силна, на моменти застрашувачка концентрација, но мир и спокојност и нереагирање премногу еуфорично ниту на лоши ниту на добри случувања. Мислам дека во следните неколку дена нема да има лоши случувања, барем не од некаков круцијален карактер, освен кај поединци.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Во следните неколку дена насоката на вашето внимание ќе биде кон помагање и негување на некого, чудни, таинствени или конспиративни случувања, некакви допири со личности во сериозни ситуации на кои ќе им е потребна ваша помош, некакви самопотврдувања, но кои не ќе можете да ги споделите со вашата поширока околина и слично. Во секој случај ќе имате мир и спокојство, можеби некакви сериозни и доверливи разговори со постари личности, истрајност по прашање на деловноста и деловните постигнувања, статусот, угледот честа, поддршка од авторитети и слично.

Јарец (22.12 – 20.01)
Сатурн има убав аспект со Сонцето што секако ќе влијаат исклучително поволно на вашиот статус и во смисла на здравје и во смисла на односи со вашата околина, нормално ако истите не сте ги направиле и довеле во состојба на уништување. Социјалниот ангажман може да биде исклучително силен и моќен, а на овој план можеби ќе му се најдете на пријател во некаква тешка, сериозна ситуација кога секоја помош е добредојдена, но од која сите по правило се тргаат. Прашање на некаква интервенција, здравствен проблем, несреќен случај или состојба.

Водолија (21.01 – 19.02)
Во смисла на поддршка од личности кои ви се значајни, кои се авторитетни и пред кои сакате да се докажете следните неколку дена можат да бидат исклучително успешни и да ви се манифестира поддршката која ви се дава, поткрепата, па и заштитата која ја имате од претпоставен на пример, од родител и слични авторитети. Можеби едниот родител, ако е постар, ќе има потреба од некоја здравствена интервенција или пак ситна хируршка интервенција, но ќе го задржите спокојот и мирот и ќе делувате во тој правец и на околината која ќе сака да ги драматизира работите.

Риби (20.02 – 20.03)
Имате силна магнетна привлечност за останатите луѓе, а таа се должи на вашите силни чувства кон истите, кон мирот и спокојот со кои се однесувате и со кои делувате на луѓето да се опуштени, смирени и спокојни во вашето присуство. Нормално, ова се однесува на оние од знаков кои тоа успеале да го постигнат, а не на оние кои живеат во немир и хистерија. Но дури и тие деновиве, до крајот на викендот, ќе почувствуваат нешто поголем спокој и смирување. Подобрување на односите со партнерот, некаква јавна промоција.