Дневен хороскоп (15.11.2017) Среда

797
1

Овен (21.03 – 20.04)

Меркур кој владее со вашата астролошка куќа за комуникација, патување и бизнис во Шкорпија ви носи можност за воспоставување на добар однос со оние кои се занимаваат со финансии. Родените на почетокот на знакот се трудат да ја освојат довербата на некој кој е прилично недоверлив или не покажува интерес. Транзитот на Месечината преку Стрелец во втората половина на денот, ви носи можност за решавање на проблемите со недвижнините.

Бик (21.04 – 21.05)

Поволни се аспектите на планетите кога станува збор за парите, работата, новите обврски, но само ако сте многу вредни и одговорни. Се чувствувате способни да влезете во нов аранжман или да започнете нова работа. Еден Близнак или некоја Девица можат да ви направат услуга или да ви понудат некој нов облик на соработка за кој не сте размислувале, па веројатно ќе прифатите. Аспектот меѓу Месечината и Сатурн може да ви донесе помала грижа поради трошоците.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Немојте да дозволите некој Рак или Стрелец да ве предомислат за нешто што сте намериле да го направите. Можете да се потпрете на својата проценка, особено ако ве интересира некоја соработка со Јарец или Стрелец, а транзитот на Венера и Марс ви носи нови деловни можности во доменот на уметноста, спортот или модата. Ако штотуку сте започнале некоја соработка, не инсистирајте на ништо што на деловниот партнер му пречи.

Рак (22.06 – 22.07)

Нагласената позиција на Месечината, владетелот на вашиот знак преку Стрелец и Сатурн може да ви донесе несигурност а сепак и мала доза на тврдоглавост кога станува збор за деловните одлуки. Потребен ви е совет од еден искусен колега или некој повозрасен кој често соработува со странци. Можете да очекувате понуда од некој кој ви е многу драг.

Лав (23.07 – 22.08)

Еден од подобрите денови ако имате намера да започнете соработка или разговор за тоа со некој Рак или Стрелец. Јарецот има практични совети кои можат да ви бидат од голема корист ако имате време да се сретнете со лице кое често патува во странство и има добри врски со деловни лица. Можете да добиете повик кој ќе ве направи среќни.

Девица (23.08 – 22.09)

Претставниците на овој знак се поставуваат авторитативно без намера, всушност нема ни да бидат свесни за тоа. Деловниот партнер или членовите на семејството може да добијат впечаток дека им префрлате за нешто. Комуникациите ќе ви бидат нарушени, затоа не навлегувајте во долги дебати, бидејќи ќе завршат со кавги.

Вага (23.09 – 22.10)

Нагласено е астролошкото поле на патот и комуникациите и ви носи нови средби. Ако сте подготвени за некои нови нешта и планирате да ги работите заедно со долгогодишните колеги или со роднините добро размислете дали тоа за вас е вистинското решние. Ако имате смисла за некоја уметност, спорт или имате креативни планови, не се предомислувајте уште на самиот почеток.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Подготвени сте во нешто да попуштите и да го направите првиот чекор кон нешто што би можело за вас да биде вистинско решение на долг рок. Можно е да станува збор за работата која би можела да донесе можност за чести патувања во странство или некој вид на популарност. Ако планирате да инвестирате пари во некоја нова работа, прашајте го за совет лицето со кое некогаш работевте заедно.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Месечината во Сатурн во вашиот знак во добар аспект со Марс и Венера ви носи сигурност во себе кога станува збор за работата, иако можеби станува збор за некои проекти на кои никогаш не сте рбаотеле. Потребна ви е поддршка од лицата во вашето семејство или некој многу близок со кој можете за се искрено да разговарате. Можен е практичен совет од некој Бик.

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате начин да ги решите проблемите  само не би требало премногу да се оптеретувате со минатото. Ќе добиете повик да се сретнете со некој кој долго го познавате и со кој ќе обавите разговор во четири очи. Ќе добиете доверливи информации кои ќе ви бидат од голема корист во секој поглед.

Водолија (21.01 – 19.02)

Добрите односи со пријателите и дружбата во поголемо друштво ќе ви донесат многу интересни средби. Верувате дека сте на вистинскиот пат да направите нешто што од вас се очекува, но и вие исто така имате неколку барања кои сакате да ви бидат исполнети. Кога станува збор за работата инсистирајте на фер односи.

Риби (20.02 – 20.03)

Интересен ден ако знаете како да комуницирате со оние кои се постари од вас. Ќе ви помогне Сонцето и Меркур, но Месечината и Сатурн ќе ја погодат вашата суета и амбиција. Имате впечаток дека многумина се против вас но на тоа не му обрнувате многу внимание. Не се нервирајте претерано поради нешто што не е тесно поврзано со вас.