Дневен хороскоп (19.03.2018) Понеделник

ОВЕН (21. III – 19. IV)

Не, во љубовта не мора да избирате меѓу надворешниот изглед и интелектот, зашто денес во вашиот живот неочекувано ќе влета личност која ќе ги има и двете. Не ги намалувајте вашите критериуми!

Ако сте во врска, можно е да забележите мала доза на љубомора кај партнерот. На ваше изненадување, тоа ќе ви предизвика скриено задоволство.

БИК (20. IV – 20. V)

Бедете секси, а светот ќе ви „јаде од рака“. Денес привлечноста ќе ви овозможи лесно да ги добивате нештата кои ги сакате, па на моменти ќе треба само да ја погледнете личноста до вас за таа да се согласи со вашите барања.

Ако сте во врска, ова е идеален ден за да разговарате со саканиот за вашите желби. Голема е веројатноста набрзо да ви бидат исполнети.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)

Денес минатото ќе престане да ви ги окупира мислите, а вие ќе ѝ дадете шанса на љубовта повторно да проструи низ вашето тело. Многу близнаци ќе го паметат овој датум како ден кога ја сретнале нивната сродна душа.

Можно е да забележите дека пријателите ви се понаклонети од вообичаено. Тоа се должи на промена во карактерот која сте ја направиле неодамна.

РАК (21. VI – 22. VII)

Време е за компромис. Доколку во периодот кој измина тврдоглаво удиравте со главата во ѕид кога разговаравте за иднината со саканиот, денес вашите ставови ќе омекнат. Ќе му дозволите разумот да ве води, а тој ќе ви донесе мир во врската.

Ако сте сингл, не ги пропуштајте вечерните дружби со пријателите во претстојните денови. Најсреќните моменти за вас ќе се раѓаат сред многу луѓе.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)

Пријателите се скапоцени, а вие денес ќе се уверите во тоа. Ова е ден кога нема да можете сами да се справите со вашите емоции, но нема да има ни потреба да се справувате сами. Пријателките ќе ви го олеснуваат секој следен чекор.

Не се изненадувајте ако еден разговор направи да се чувствувате како милион долари. Комплиментите значително ќе ви ја зголемуваат самодовербата.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)

Денешниот распоред на планетите ќе ви ја разбуди љубопитноста, па ќе пројавувате интерес кон оние делови од животот на блиските кои досега воопшто не ве интересирале. За среќа, тоа ќе делува позитивно на вашите односи.

Нема потреба премногу да зборувате за важноста на вашиот живот и постапки. „Пуштете“ ги вашите дела да кажат сè.

ВАГА (23. IX – 22. X)

Понекогаш е тешко да најдете место на кое припаѓате, но денес таквите места ќе бидат насекаде околу вас. Лесно ќе се вклопувате во секое друштво и ќе им ја гледате душата на луѓето пред тие да кажале еден збор.

Исчистете го именикот од непотребни телефонски броеви. Направете простор за многубројните лица кои ќе пристигнат во вашиот живот.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)

Покажете ја вашата сентиментална страна, без да се плашите од последиците. Денес токму способноста силно да чувствувате ќе ве направи привлечни во очите на претставниците на спротивниот пол.

Кој не сака личност која разбира, сочувствува и е искрена? Фрлете ја маската и бидете она што сте.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)

Го печатите во вашиот ум впечатокот за новите личности по првата средба? Немојте! Денес ќе запознаете личност која ќе ви станува поинтересна и поинтересна со секое следно гледање. Дајте си време да ја запознаете подобро.

Ако сте во врска, ќе откриете кај партнерот карактеристика која претходно не сте ја знаеле. Очекувајте дополнителна доза љубов.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)

Денес планетите ќе ви подарат моќен глас, па искористете го за добри цели. Не дозволувајте животот на блиска личност да пропаѓа додека себично се грижите вашиот да цути. Помагајте!

Забавниот дух ќе ги инспирира луѓето околу вас вечерва, па многупати ќе слушнете „благодарам“ што сте ја направиле вечерта специјална за оние околу вас.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)

 Денес вашиот незаменлив стил на облекување и изостреното чувство за мода ќе ве одделат од сите останати. Можно е луѓето да се чувствуваат непријатно во ваше друштво знаејќи дека се фрлени во сенка.

Не чекајте животот сам да ви подготви магични моменти. Зграпчете го моментот и вие направете го магичен.

РИБИ (19. II – 20. III)

 Денес ќе уживате во задоволствата на животот и додека тие не мора да бидат скапи за да ве возбудат, мора да бидат убави. Можно е да „паднете“ на прекрасен подарен свет или на чаша добро вино налеано од саканиот.

Ако сте сингл, изгледот на додворувачите ќе ви стане пресуден за да им дадете дел од вашето време. Сепак, обрнете внимание и на искреноста.

Loading...