Дневен хороскоп (20.03.2018) Вторник

Овен

Започнува најубавиот период од годината за вас. Денес Сонцето влегува во вашиот знак, каде ќе остане до 19 април, сместувајќи ве меѓу најсреќните личности. Замислете си ја желбата која долго време им ја упатувате на ѕвездите, во вашата роденденска сезона ќе се оствари.
Ако ви се чини дека сите зјапаат во вас, тоа е затоа што навистина е така. Навикнете се на зголемено внимание.

Бик

Имате точно еден месец за да го фрлите товарот од вашиот грб и лесни како пердув да го дочекате најубавиот период од годината за вас. Денес Сонцето влегува во овен, вашата 12-та куќа на одморот и завршетоците каде ќе остане до 19 април.
Дозволете си да бидете мрзеливи и дајте му го на телото сонот кој му е потребен. Полнете ги батериите за да бидете незапирливи кога Сонцето ќе влезе во вашиот знак.

Близнаци

Вистинските пријатели се ретки како дијаманти, но вие ќе ги имате во изобилие во периодот кој доаѓа и ќе се чувствувате прекрасно поради тоа. Денес Сонцето влегува во вашата друштвена 11-та куќа, правејќи ве посакувана личност за дружба.
Ќе ги инспирирате луѓето околу вас и ќе им будите карактеристики кои не мислеле дека ги поседуваат. Тоа ќе ви ја зголеми популарноста.

Рак

Стремете се кон врвот на професионален план. Денес Сонцето влегува во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање, правејќи ја работата ваш приоритет. Ќе работите како вредна пчела која не знае за одмор, а тоа ќе ви се исплати.
Не го жртвувајте вашиот углед за краткорочни успеси. Гледајте во иднината.

Лав

Резервирајте билет за велигденско патување, побарајте деловен партнер во друга држава и не ги игнорирајте поканите за пријателство од лица од странство. Денес Сонцето преминува во вашата 9-та куќа на авантурите и патувањата, отворајќи го вашиот им и ширејќи го вашиот поглед.
Доаѓа прекрасен месец за започнување на сопствен бизнис или за проширување на постоечкиот.

Девица

Уживајте во аромата на љубовта која се шири околу вас. Денес Сонцето влегува во овен, вашата 8-ма куќа на интензивните чувства и интимноста, засилувајќи ги вашите романтични чувства. Ако сте во врска, ќе се радувате на зголемено либидо.
Силната страст ќе им го направи на многу девици невозможна мисија разграничувањето на физичката привлечност од вистинската љубов.

Вага

Дали и вие трагате по вашата сродна душа? Насмевнете се, вашата потрага нема да трае уште долго, бидејќи денес Сонцето ќе влезе во вашата 7-ма куќа на љубовта и обврзувањето. Конечно ќе пронајдете некој со кој ќе функционирате на иста фреквенција.
Во врска сте? Користете ја секој „дупка“ во вашиот зафатен распоред за да минувате време со саканиот. Дури и пиењето кафе заедно ќе ве зближува.

Шкорпија

Претстојниот месец ќе ве направи вистински фитнес зависник, па нема да биде чудно ако поминувате најголем дел од времето во читање како правилно да се храните и вежбате. „Виновен“ за тоа ќе биде престојот на Сонцето во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот.
Деталите исто така ќе ви го привлекуваат вниманието. Многу шкорпии ќе бидат преокупирани со изгледот и ќе го истакнат перфекционизмот.

Стрелец

Претстојниот месец ќе ве направи вистински фитнес зависник, па нема да биде чудно ако поминувате најголем дел од времето во читање како правилно да се храните и вежбате. „Виновен“ за тоа ќе биде престојот на Сонцето во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот.
Деталите исто така ќе ви го привлекуваат вниманието. Многу шкорпии ќе бидат преокупирани со изгледот и ќе го истакнат перфекционизмот.

Јарец

Доволно летавте како ветер низ животот, сега е време да се погрижите за вашите чувства. Денес Сонцето влегува во вашата 4-та куќа на домот и грижата за себе. Не одрекувајте кога се чувствувате лошо, туку доверете им се на вашите најблиски.
Месецов на некои јарци ќе им донесе свршувачка, на други нов член во семејството, а на трети подобрување на односите со важна женска фигура.

Водолија

Денешниот ден ќе ви ја врати безгрижноста, ќе ви ја уништи сомничавоста и ќе ве поттикне да комуницирате со секого и насекаде. Преминот на Сонцето во вашиот сектор на комуникативноста ќе ве направи срцето на вашето друштво.
Ако некој е за добра смеа, препорачливо е да ве побара вас. Смислата за хумор ќе ви биде уникатна.

Риби

Вашата роденденска сезона официјално завршува, па време е да го вратите сериозниот израз на лицето. Денес Сонцето преминува во вашата 2-ра куќа на работата и парите, насочувајќи го вашиот поглед кон кариерата.
Некои риби ќе склучат важна зделка која ќе им донесе многу пари во претстојниот месец.

Loading...