До смрт претепан турист на грчкиот остров Закинтос

1547
1

Трагичен крај имаше одморот во Грција за 22 годишен турист од Америка. Од засега, официјално, непознати причини и под официјално, неразјаснети околности, вработени во ноќен бар на грчкиот остров Закинтос, до смрт претепале американски турист.

Според грчките медиуми, 22 годишниот Американец, со неговото друштво се забавувал во кафулето кога настанала расправија меѓу Американците и група туристи од Србија.

Расправијата станала жестока, двете друштва биле под дејство на алкохол, и од вербална преминала во физичка. Младиот Американец во обид да се спаси излегол од барот, но не успеал да избега.

Гневната група, меѓу кои и обезбедувањето, 20 метри од излезот на кафулето, го претепала до смрт. Веднаш пристигнала полицијата и брза помош, туристот бил пренесен во болница, но само била констатирана смрт.

По прегледаниот материјал од безбедносните камери, полицијата уапси член на обезбедувањето на кафулето, 32 годишен Србин со британски пасош и 34 годишен Грк, кој работел како шанкер, под сомнение дека стојат зад убиството на туристот.

Според дел од грчките медиуми, Американецот бил нападнат со тупаници и ножеви, а ниту еден од уапсените, барем за сега, не го признал убиството.

извор:канал5