vesti24.mk
СВЕТ

Доказ дека во светот ништо не е случајно! Меркел, Меј и новата директорка на ЦИА на една фотографија?!

ECA
На социјалната мрежа Твитер деновиве се шири една црно бела фотографија чие потекло според корисниците е од 1972 година, а на фотографијата една до друга се наоѓаат денешната германска канцеларка Ангела Меркел (лево), британската премиерка Тереза Меј (во средина) и новата директорка на ЦИА, Џина Хаспел.

Иако информацијата не е потврдена, а поголем број од светските медиуми прават анализа за тоа како и дали е можно трите девојки да биле заедно во овој период од нивниот живот, фотографијата стана вирална и вчудоневиди илјадници луѓе ширум светот.

Иако корисниците на Твитер се сложуваат за Ангела Меркел и Тереза Меј, за третата девојка постои и мислење дека е претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите.

извор: маркукуле.мк

Loading...

Related posts