Доказ за моја вмешаност во случајот „ТНТ“ е претпоставка на Цаноски дека јас стојам зад рушење на градбата, за која самиот тој признава дека е дивоградба

831
1

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на Нова ТВ зборуваше и за политичките случаи кои СЈО ги има против него. Груевски кажа дека еден од предметите за кои е тој обвинет е случајот за рушењето на зградата на Фијат Цаноски. Тој кажа дека ниту тој, ниту министерот за транспорт и врски немаат ингеренции за тоа, туку дека дивоградбите се под ингеренции на општините.

Фијат Цаноски и неговата компанија добива дозвола за градба да гради зграда. Има стандарди, зависно колкава е зградата, колку треба да има подземни гаражи, колку треба да има паркинг места. Според тие стандарди излегува дека тој мора да има две нивоа, односно мора да има два спрата под земја гаражни места. Тој ја земал градежната дозвола, почнал да гради и во еден момент според она што ми го кажуваат експертите дошло до вода, тоа значи дека мора да се употребат многу повеќе пари за да се стават одредени шипови, не знам како се нарекуваат тие останати градежни зафати, за да се реши проблемот. Човекот веројатно решил да заштеди и одлучил да гради еден кат, наместо два и веројатно да заштеди милион, два милиони евра, изјави Груевски.

Тој кажа дека инспекциите отишле, извршиле мерење, виделе дека еден кат недостасува и му изрекле документ дека има дивоградба и дека треба да го сруши, па повторно да го гради.

Тој веднаш се жалел на второстепена комисија, подоцна пуштил тужба до судот, сфатил дека таму не може да добие зошто не е во право, ја повлекол тужбата, па побарал од општината да му ја смени градежната дозвола. Значи тука си признал дека градбата му е дивоградба, ама ај сменете ми го решението. Општината тоа не го прифатила, затоа што законски не може да го прифати, не тоа слободна волја на градоначалникот или на некој инспектор, тоа е закон, изјави Груевски.

Откако не можел да направи ништо, како што вели Греувски, Цаноски тужел по судовите, каде што изгубил секаде.

Против мене постапката е дека јас сум бил поттикнувач, во целиот предмет има само една изјава против мене. Нема никакви докази, тоа е само една изјава, а тоа е изјавата на Фијат Цаноски и ако добро разбрав на неговиот син, ако добро разбрав тие велат, веруваат дека политички им била срушена зградат, значи не велат дека не граделе дивоградба. Целта е да одам пред судот, да давам таму изјави, затоа што многу луѓе не ни знаат што било, целта е да мислат дека чим толку често оди во суд значи е виновен.

Тој кажа дека имало три вештачења кои што докажуваат дека зградата е дивоградба. Груевски овој случај го нарече смешен и театрален.

Груевски фацебоок профил: