Драма во Скопје: Син со стап ја тепал сопствената мајка и ја бркал од дома

373
1

Вчера, околу 09,00 часот, во Скопје на улица „Мелничка“, 67- годишната Р.С била физички нападната од нејзиниот син 41- годишен О.С, кој со дрво ја удирал во пределот на телото и ја бркал од дома.

Р.С. успеала да избега и побарала лекарска помош во Свети „Наум Охридски“, каде и се констатирани телесни повреди, по што настанот го пријавила во Полициска станица Чаир.

Истата напоменала дека и пред околу еден месец имала пријавено семејно насилство.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

извор:пресс24