Драматичен натпревар против Чешка: Водевме цел натпревар, а на крајот промашивме пенал за нерешено (ВИДЕО)

Нашата ракометарна репрезентација во супер драматичен меч доживеа пораз од Чешка со 25-24 во вториот меч од втората фаза во Вараждин.

Избраниците на Раул Гонзалес водеа во најголемиот дел од мечот, имавме предност и од пет разлика, ама во последните 15 минути не бевме на посакуваното ниво и позитивата која ја имавме од 21-17 на крај ја загубивме иако можевме да се избориме за реми, меѓутоа Дејан Манасков не го рализираше ударот од 7 метри во 60 минута или поточно голманот Мрква го доби тој дуел.

Ние на овој дуел настапивме без капитенот Кирил Лазаров кој само ги изведуваше пеналите (2/3), а во негово отсуство прв стрелец беше Талески со 5 голови, по 4 дадоа Велковски, Стоилов и Миркуловски, додека Борко има 11 одбрани. На спротивната страна Хорак даде 8 голови, голманите Галиа и Мрква собраа 13 одбрани.

Утре ја играме последната средба од овој дел против селекцијата на Данска.

Loading...