Драматичен пораѓај кој на крајот заврши среќно, жена се породи на подот од болницата со мала помош од сопругот

Џес Хоган неодамна го роди своето шесто дете, но овој пат пораѓајот беше малку поразличен од претходните. Имено, Џес се породи на подот во болницата, а посебните моменти ги документирала Теми Карин. Сепак, таа роди здраво машко бебе, а драматичното пораѓање стана вирално на Интернет.

Бременоста на Џес била непредвидлива, не се знаело кога точно ќе се породи. Таа мислела дека на крајот ќе треба да има индуцирано породување, но малиот Макс се предомислил и одлучил да пристигне “сега”.

“Боже, нема да стигнеме. Ќе морам да се породам дома”, помслила Џес откако сфатила што се случува.

Кога стигнале во болницата немало никој кој да им помогне, па нејзиниот спруг Травис бил подготвен да направи сè. “Кога бевме во близина на болницата почнав да врескам дека бебето доаѓа. Травис трепереше и веднаш ме внесе во болницата”, вели Џес.

Кога влегле немало никој кој да им помогне, а во моментот се појавила Карин. Таа им кажала на вработените во болницата дека во ходникот има жена која буквално се пораѓа на подот.

“Еве го, доаѓа. Тоа си го помислив. Потоа почнав да се соблекувам, бидејќи ја почувствував неговата глава. Го погледнав мојот сопруг и му реков: “Травис, фати го”, без размислување го направи тоа што му реков, додека без голем вложен труд бебето излегуваше” .

Фотографиите кои Карин ги сними во тој момент покажуваат колку драматична била цела ситуација, каде медицинските сестри пристигнале во точниот момент кога Макс среќно и безбедно пристигна на овој свет. Иако сè се случуваше на подот, бебето е здраво.

“Тоа беше најлудиот пораѓај досега, но исто така и најсовршениот. Не беше онака како што планирав, но на крајот не ми беше потребна некоја посебна интервенција, а родив прекрасно, здраво дете и имав поддршка од најдрагите луѓе кои во тој момент беа покрај мене. Беше прекрасно и тие моменти ќе останат засекогаш во моето сеќавање”, додава Џес.

Loading...