ЕДЕН МЕСЕЦ ПРЕД СРЦЕВ УДАР: Вашето тело ќе ве предупреди со овие 8 сигнали

Превенцијата е подобра од лекувањето. Ова едноставно правило се однесува на било која болест и е особено значајно кога симптомите не се соодветно препознаени.
Ние ќе ви ги опишеме клучните симптоми кои можат да се појават еден месец (или уште порано) пред срцев удар.
По читањето на оваа статија не треба да станете хипохондрик, но малку здравствена свест никогаш не повредила никого.
Бидете внимателни во случај да сте во опасност. Неколку често пропуштени индикатори се наведени на крајот од статијата.

8. Замор

Невообичаениот замор е еден од главните симптоми што укажуваат на претстојниот срцев удар. Жените почесто го пријавуваат овој симптом од мажите.
Опис: Физичката или менталната активност не е причина за заморот, а се зголемува кон крајот на денот. Овој симптом е сосема очигледен и не може да остане незабележан: понекогаш е исцрпувачки да се вршат наједноставните задачи, како што е местење на кревет или туширање.

7. Абдоминална болка

Абдоминалните болки, гадење, чувство на надуеност или вознемирен стомак се некои од најчестите симптоми. Подеднакво е веројатно да се појават кај жените и мажите.
Опис: Абдоменилните болки пред срцев удар имаат епизодна природа, олеснување и потоа враќање за краток временски период. Физичката напнатост може да ги влоши стомачните болки.

6. Несоница

Несоницата е исто така поврзана со зголемен ризик од срцев удар или мозочен удар и е почеста кај жените. Карактеристиките на несоница често вклучуваат високо ниво на анксиозност и отсуство.
Опис: Симптомите вклучуваат тешкотии во заспивањето, тешкотии во спиењето и рано будење.

5. Недостаток на здив

Диспанеата, или недостатокот од воздух, е силно чувство дека не може да се земе длабок здив. Често се случува кај мажите и кај жените до 6 месеци пред срцевиот удар. Тоа е обично предупредувачки знак за медицинска состојба.
Опис: Се чувствувате како да не можете да земете доволно воздух, имате вртоглавица и недостаток на здив.

4. Губење на косата

Губењето на косата се смета за само уште еден видлив показател за ризикот од срцеви заболувања. Најчесто се јавува кај мажи постари од 50 години, но и некои жени можат да бидат во ризичната група.
Опис: Обрнете големо внимание на губење на косата на круната на главата.

3. Нерегуларно отчукување на срцето

Брзите удари или аритмии се често придружени со паничен напад и анксиозност, особено кај жените. Се појавуваат неочекувано и се разликуваат на следниот начин: аритмија (неправилен отчук на срцето) или тахикардија (зголемен пулс).
Физичките вежби може да дадат дополнителен стимул за зголемување на срцевиот ритам, особено во случаи со атеросклероза.
Опис: Неправилното срцебиење трае 1-2 минути. Ако не исчезнат, може да почувствувате вртоглавица и екстремен замор. Веднаш јавете се кај вашиот доктор!

2. Претерано потење

Невообичаено или прекумерно потење е ран предупредувачки знак за срцев удар. Може да се случи во секое време од денот или ноќта. Овој симптом почесто ги погодува жените и обично се меша со топли бранови или ноќни потења типични за менопауза.
Опис: симптоми слични на грип, леплива кожа или потливост се случуваат без оглед на температурата на воздухот или физичкиот напор. Потењето се чини дека е прекумерно ноќе; креветот може да биде влажен до утрината.

1. Болка во градите

Loading...