ЕХФ пресуди: Грција исфрлена од шампионатот во Македонија!

457
1
Селекцијата на Грција е исфрлена од Европското првенство за девојчиња до 17 години по скандалот што нашиот јужен сосед го направи вчера, па Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ја донесе конечната одлука.

Само 32 секунди траеше мечот на Македонија со Грција, по што Гркинките се повлекоа поради тоа што им сметале маичките во стручниот штаб на кои пишува Македонија. Тоа беше само кулминација на циркусот кој го направија, откако првично не сакаа да излезат ниту на теренот.

„Отворена беше постапка против грчката федерација и дисциплинската комисија одлучи дека тие имале обврска да го играат мечот според правилникот на ЕХФ. Според членот 7 од листата на казни на ЕХФ; Грција е исфрлена од шампионатот, а според членовите 12 и 14.1 од правилникот резултатот се регистрира со 10. Грција исто така е казнета со 25 илјади евра, како и останати трошоци можеби ќе треба да се платат. Комисијата сопре донесување на други суспензии за грчката федерација. Грците имаат право на жалба, но сооглед дека првенството се игра, таа жалба нема да има никаков ефект“, објави ЕХФ.

извор: спорт1.мк

Loading...