Експлозија во познато албанско летувалиште: Најмалку 20 лица се повредени (видео)

1524

Најмалку 20 лица се повредени после експлозија на гас во туристичкото место Велипој на северозападот на Албанија, јавија денеска албанските медиуми.

Експлозијата се случила во кујна во ресторан на првиот кат на хотелски комплекс, а потоа избувнал и пожар. Како што јавува агенцијата „Ина“, повредени се меѓу 20 и 30 лица, од кои пет потешко.

Во моментот на експлозијата, туристите спиеле. Евакуирани се и жителите на околните куќи.

Албанските портали објавија фотографии на кои се гледа дека пожарот е од поголеми размери и облакот од црн чад го прекрил целото место. Пожарот го гасат пожарникари, а им помагаат и волонтери.

Велипој е едно од омилените туристички дестинации на жителите од северот на Албанија.

извор:канал5

Loading...