Ердоган: Германија ќе се „самоубие“, ако не ми дозволи да говорам пред Турците

961
1

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави за германскиот неделник „Цајт“ дека Германија ќе „изврши самоубиство“ доколку не му дозволи да говори пред Турците на нејзина територија за време на неговата посета на земјата на самитот на Г-20, кој почнува в петок.

– Германија извршува самоубиство. Германија треба да ја поправи таа грешка, рече Ердоган.

Тој истакна дека се додека Германија не ги екстрадира во Турција поддржувачите на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, Анкара ќе ја смета Германија за земја која ги заштитува терористите.

Истовремено Ердоган изјави дека Германија и Турција имаат потреба една од друга и оти на лично ниво тој нема проблем со канцеларката Ангела Меркел.

извор:актуелно24