“ЕУ за тебе” утре во Желино и во Брвеница

29

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, утре ќе биде во општините Желино и Брвеница, во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“.

Тој ќе се сретне со градоначалниците на Желино, Фатмир Измир, и на Брвеница, Енвер Пајазити, и ќе направи увид во некои проекти во овие општини што се финансирани од Проектот на ЕУ за инвестиции во рурални општини.

Со 260.000 евра што ЕУ ги подарува во рамките на овој проект, треба да се обезбеди пивка вода за селата Палатица, Требош, Узурмиште, Желино, Добарце, Чифлик, Ларце, Копачин Дол, Рогле, Ново Село, Групчин, Долна Лешница и Церово, сите во општина Желино, а 40.000 евра од планираните пари ќе ги обезбеди Општината.

Во Брвеница, со 260.000 евра што ЕУ ги подарува, треба да се реконструираат локалните патишта меѓу селата Милетино и Челопек, како и да се изгради ново училиште за 168 ученици во селото Гургурница. Другите 420.000 евра Општина Брвеница ќе ги обезбеди со заеми од Проектот на ЕУ за инвестиции во рурални општини.

извор:мета

Loading...