Фановите збеснаа заради предвремената најава на УЕФА за новиот првак во ЛШ

Во текот на вчерашната ноќ се комплетираа првите четвртфинални дуели во Лигата на шампионите, а и покрај тоа што пред нас се и втори натпревари, мора да се признае дека сите четири екипи кои победија во изминативе два дена влегуваат со голема предност за пласман во полуфиналето.

Реал Мадрид, Баерн Минхен, Барселона и Ливерпул можат само сами да си ги закомпликуваат работите и да дозволат чуден резултат и изненадување, но сепак она што предизвка бура од реакции во последните неколку часа на социјалните мрежи е еден контроверзен твит од страна на УЕФА.

Европската куќа на фудбалот одлучи да направи свој тип и предвреме го најави Реал Мадрид како нов шампион во Лигата на шампионите, а тоа останатите фанови на другите тимови го сфатија како големо непочитување и побараа од УЕФА да покажат повеќе респект кон останатите тимови бидејќи се уште станува збор за четвртфинална фаза.

Објавата на УЕФА предизвика навистина огромен број на реакции, а преовладуваа одговорите во кои како најголема опасност за „кралевите” беа посочени Лео Меси, Јуп Хајнкес, Ливерпул…

Loading...