Фантастичен спот за вотката Absolut во кој учествуваат сите вработени и тоа голи – “Вотка која ништо не сокрива”

“Вотка која ништо не сокрива” се воведните зборови на домаќинот на овој спот, Ганар. Имено, тој во следните три минути сосема гол ќе Ве запознае со целиот процес за добивање на вотка. Секако авторите на спотот се погрижиле со пикселизација да го сокријат она што треба да биде сокриено.

Првенствено, Ганар не запознава со локалното жито во Охус од кое се прави вотка, па не запознава со Ларс, главниот фармер, кој исто така е гол.

После тоа не води на кратка прошетка низ езерата во Охус (Шведска), потоа велосипедистичката станица на Абсолут помеѓу најголемата гужва па полека се стинува до погонот на самата дестилерија. Заедно со голите колеги Ганар ни го претставува процесот на неутрална CO2 дестилација, кој е самоодржлив прогресивен пристап на дестилирањето на вотката.

На крајот од видеото, Ганар ја објаснува и најважната состојка која е дел од вотката Абсолут, а тоа се самите луѓе. Во дополнителна објава од компанијата напомена дека голотијата е како метафора, а работниците во дестилеријата Охус носат облека.

Loading...