Фацебоок статус на пациентката Ема ( фала таравари)

26570

#ФалаТаравари
Пред една недела, со мој близок, трчавме по клиники со ургентен упат за да обезбедиме снимки на гинекологија “уро – флоу”. Иако се работеше за итна состојба, од клиниката нѐ убедуваа дека пред септември не може да добиеме снимки никако. Подоцна сфативме дека не сме само ние “одложени”, туку и многу други пациенти, кои исто така имале потреба за итни снимки, сите биле одложени за “таму од септември”. Искрено, кога се обратив на #ЗдравоТаравари немав голема надеж затоа што очекував дека се работи само за промотивна кампања. Но, уште утредента ни се јавија, прво од #ЗдравоТаравари, да се распрашаат прецизно за случајот, за состојбата, за деталите, а подоцна и од Гинекологија со закажан нов термин утре во 12:00!? Наеднаш проработеа машините, има и персонал и реагенси и сѐ, а според распоредот на снимање, очигледно сите кои беа одложени за септември си добија термин. Со овој пост сакам да им изразам благодарност на кабинетот или тимот на Таравари, но и да им порачам на сите оние кои имаат сличен проблем, кои сметаат дека неправилно се третирани, дека некаде има застој, невнимание и слично – пробајте го #ЗдравоТаравари. Знам дека делува скептично на прв поглед, ама и јас бев скептична пред да пробам.

Loading...