Ferrari влезе во SUV класата!

Новиот Maserati Levante Trofeo слободно можеме да го наречеме и Ferrarino. Направен е да се пресмета со помоќните од него заради што срцето му е борбено, со потпис на Ferrari. Има 3,8 литри работна зафатнина и 590 коњски сили распоредени во V8 формација. Црвената душа ќе му овозможи забрзување до сто за само 3,9 секунди и максимална брзина поголема од 300 km/h. Освен перформансите на ниво на спортски автомобил, адут на Levante Trofeo е и дизајнот. За агресивната појава придонесуваат новиот браник, Matrix LED светлата и масивна маска. Црни детали ги менуваат хромираните делови, а четирите издувни цевки откриваат дека станува збор за лут модел.

Внатрешноста е во ист стил, со спортски седишта, карбонски инсерти и нова инструмент табла со ознака V8. Сигурни сме дека неговиот звук е музика што сакаат да ја слушаат многумина, но сепак Bowers & Wilkins за овој Levante подготви врвен аудио систем со 17 звучници. Додаден е уште еден режим на возење наречен Corsa, кој има и Launch control функција за експресно стартување од место. Во него моторот подобро реагира, а ослонувањето е пониско и потврдо. Производството ќе му започне налето.
извор:забава.ком
Loading...