(ФОТО) Хаос на границата со Црна Гора: Километарски колони, чекање со часови имаше и тепачка

1076

На границата Србија со Црна Гора кај Бело Поле има огромна гужва, патниците чекаат со часови за влез во соседната земја а настана и тепачка.

Автомобилите се полни, чекаат, од спротивниот правец возачите дофрлуваат луѓето од спротивно да одат на некој друг граничен премин бидејќи тука е хаос.

Имало и физички пресметки, дрско преминување на колоната возила поради што негодувале оние кои чекале. Неколку автомобили со новосадски регистарски ознаки го препречиле патот на оние т.н паметните.

Инаку од утрово на српската страна работи само една лента на границата, и поради тоа се прави метежот и на црногорската страна.

И српската и црногорската полиција кога виделе што се направило на границите почнале да пуштаат колона возила без никакви проверки.

Патничките автомобили на излезот од Србија најмногу чекаат на граничниот премин Гостун спрема Црна Гора каде задржувањето трае и до два часа. На патниците им се препрачува да го користат преминот Мехов Крш.

Prelaz Horgoš

Како што се соопштува на преминот Хоргош за влез во Унагарија, патниците чекаат 60 минути, на преминот Батровци за влез во Хрватска чекаат 30 минути исто и на преминот Градина спрема Бугарија. На останатите премини во Србија нема задржувања.

Извор:слопје24

Loading...