(ФОТО) Оставила порака на билборд и стана славна како на филм

Тина Шамањак е девојката која овие два дена стана славна во Загреб само затоа што за нејзини потреби ја искористи идејата што ја промовираше американскиот филм „Три билборди пред Ебинг, Мисури“.

На билбордот кој осамна во главнто град на Хрватска пишува „Вработете ме! Доколку ви треба маркетинг експерт кој размислува надвор од границите“. На крајот од пораката Тина остави и контакт меил.
Многумина се прашуваа дали е во прашање маркетинг кампања на некоја компанија или некој навистина бара работа од џамбо билбордите.

– Идејата ја добив пред околу една година кога бев отпуштена од компанијата каде што работев. Уште под импресии отидов кај мојата пријателка со шампањ, бидејќи имавме таква навика да си прославиме за секоја несакана ситуација што ни се случува и така да пробаме да ги заборавиме и да ги претвориме во позитивни спомени. Тогаш разговарамве како работодавачите не ги ценат добрите работници и не вложуваат во нив – раскажува Тина Шамањак.

Оваа 31-годишна девојка се занимава со маркетинг пет години. Кариерата ја започнала за време на нејзиното студирање, како асистентка во маркетинг, а со 25 години направила „web-shop“ за женска облека.

Loading...