(ФОТО) Сите ја видовме во носија, но погледнете како изгледа во секојдневието идната галичка невеста

3657

Пред македонските медиуми и јавноста вчера беа претставени годинешните галички младенци, скопјаните Тања Чаловска и Бошко Лепчески. Оваа млада вљубена двојка е првата после подолг период што има потекло од Галичник и сака да ја одржи традицијата на своите предци.

Секоја година галичките невеста и младоженец се доста атрактивни за пошироката јавност која во голем број се собира на Галичник за овој голем свадбен ден исполнет со богата традиција кој годинава ќе се случи на 15-ти и 16-ти јули. Дотогаш остануваат уште само неколку дена, а убавата невеста ќе го оствари својот сон.

Како загревање за свадбата, Тања вчера ја облече носијата, па сите можеа да ја видат во традиционално издание кое ќе биде дополнително збогатено за церемонијата. Секоја невеста е убава на посебен начин, особено кога е во носија, но погледнете како изгледа оваа шармантна дама кога е во секојдневно издание.

Инаку, триесет и едногодишниот правник Бошко и 28-годишната економистка се запознале пред седум години токму во Галичник каде што идната недела ќе бидат и венчани во црквата „Св. Петар и Павле“.

Извор: Вистина.мк

Loading...