ФОТО: Сообраќајка во Аеродром – качен автомобил на жардиниера

161
1

Сообраќајна несреќа се случи изутринава на булеварот Јане Сандански спроти Три Бисери во Аеродром, објави ТВ Нова.

Засега нема официјални информации како дошло до несреќата, но според фотографиите може да се заклучи дека возачот движејќи се со поголема брзина изгубил контрола над возилото, по што удрил во ѕидот меѓу двата коловоза.

Се уште нема информации за можни повредени и за настанатата штета.

Сите фотографии можете да ги видите на сајтот на ТВ Нова.

извор:курир