(ФОТО) Таа е најубавата прва дама во светот

1655

Сопругата на претседателот на Аргентина беше во центарот на вниманието на Самитот на G20.

Самитот G20, годишен собира на 20 најразвиени држави на светот, овие денови се одржува во Хамбург, а во позадина на конфликтите со полицијата и масовните протести на антиглобалистите, првите дами блеснаа… Како да на улиците не летаат солзавци и водени топови.

На Меланија се навикнавме, но… Јулијана Авада, сопругата на претседателот на Аргентина не остави без текст.

Занесната бринета има 43 години, американскиот „Vog“, своевремено ја опиша како „современа верзија на Џеки Кенеди“, а ние не можеме да не приметиме дека и Џеки Кенеди, а и сегашната прва дама на Америка „ги шие“ за две копја.

Јулијана Авада е првата претставничка на новата генерација на жени. Завршила студии на Оксфорд, и пред да се омажи работела во текстилна компанија која ја води нејзиното семејство.

Таа е третата сопруга на Маурисија Макрија, претседателот на Аргентина, а пред да се омажи за него, била во брак од кој ја има ќерката Валентина.

Сегашниот претседател на Аргентина го запознала во 2009 година, во теретана во Буенос Аирес, се венчале во 2010 година, а година дена подоцна, ја добиле ќерката Антонија.

Своевремено во едно интервју изјавила дека во Маурисија, не се заљубила на прв поглед, но дека што почнале да излегуваат, знаела дека тој е љубовта на нејзинот живот.

Па, кога ќе го видите овој бакнеж – јасно ви е дека тоа е така:

Loading...