ФОТО: Таа има 63 години – најзгодната баба на светот ја открива тајната на својот феноменален изглед

1665

Кристи Бринкли и на 63 години изгледа подобро од некои свои двојно помлади колешки, а како што самата вели се е до правилната исхрана.

Кога минатиот месец Кристи Бринкли се појави на насловната страна на магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“, со својот феномален изглед може да се каже дека го шокираше светот. Последен пат во костим за капење позирала пред 13 години, но изгледа дека на неа годините ништо не и можат.

Не можеме да си помогнеме, а да не се прашаме како? Како точно ја одржува беспрекорната фигура. Па, ако може да се верува на она што Кристи го кажува, тајната не е во диетите. Кристи верува и заговара добро врамнотежена исхрана, а посебен нагласок става на доручекот.

Секое утро го започнува со топла вода и лимон, а сака во напитокот да додаде и малку мед и кајен пиперка. Нејзиниот доручек е доста богат, а најмногу сака јогурт од козјо млеко со сезонско овошје, чија семки, житарици и јаткасти плодови. Во оние денови кога ќе посака протеински доручек, бира омлет со спанаќ и печурки. Посебно нешто што целото нејзино семејство го обожава е тостот со авокадо.

извор:курир

Loading...