(ФОТО) Тамара Тодевска ужива во луксузен ресорт и тоа топлес!

1672
1

Нашата популарна пејачка Тамара Тодевска максимално го користи летото за одмор и релаксација покрај вода заедно со сопругот и малечката Хана.

Овој пат познатото семејство замина да одмори душа во еден луксузен грчки ресорт од каде Тамара објави неколку моменти на „Инстаграм стори“ – фотографии кои исчезнуваат за 24 часа.

Како ги поминуваат топлите денови мама Тамара приложи неколку фотографии за своите бројни следбеници, а на истите се гледа дека се комплетно предадени на убавините кои им ги нуди сместувањето.

Па така, меѓу неколкуте фотографии Тамара објави и таква на која градите ги покри со анимирани топки за плажа, по што претпоставуваме дека се препуштила на топлес уживање.

Кој не би посакал приватност покрај море и сончање без костим за капење, веруваме секој, а на Тамара тоа веројатно не и недостига.